Убавата Јована од Сител на плажа, еве со кого ужива (ФОТО)

0

Јована Стојемновиќ е една од нашите најуабви водителки, жена која држи до себе и до својот изглед, имиџ и стил. Таа во едно интервју за www.idividi.com.mk има изјавено:




– Идеалниот изглед за една жена е да биде задоволна од себеси и да го рефлектира тоа задоволство во околината.

Самодовербата е многу важна во впечатокот кој некој би го нарекол идеален, а за да имаме самодоверба треба да бидеме сигурни во себе, во своите способности, изглед…




За тоа да биде така, треба и да работиме на себе. Од аспект на изгледот најважна е храната и негата, а потоа и работа на стилот. Лесно ќе направите модна или „бјути“ икона од жена која има негувана кожа, коса, нокти, заби, добра фигура во форма..

Уживам во подготовките за средба со гледачите кои се секогаш темелни и од аспект на изгледот. Сакам секогаш да бидам достојно дотерана за таа средба и секогаш поинаква за моите гледачи.




Расположението произлегува од љубовта, страста би рекла, кон оваа работата која ми е вродена, а и од одговорноста. Никој не е должен да му рефлектирате грижи или незадоволство преку екранот само затоа што вие минувате низ нив.




Гледачите сакаат да им биде пријатно вo ваше друштво, а нерасположен човек, не е добро друштво“, рече таа, а потоа одговори на прашање кој ѝ е најголем предизвик.

Предизвиците се случуваат со причина и добрата работа од нив е што можат да го извлечат најдоброто од вас.




Предизвиците настапуваат нагло и привидно сакаат да не сомелат, но мислам дека клучот е да не пружаме отпор на нивната сила туку наместо борба со околностите и притисоците да влеземе во некаков танц во ритамот кој го диктира предизвикот. Ете така, малку филозофски за крај.“




Таа во интервју за vipheart.mk во една прилка рече:

-Кој-а е љубовта на Вашиот живот? Мојот живот за моја голема среќа е исполнет со многу љубов, а и се уште трае…

– Кога и каде сте биле најсреќни? Секогаш сум најсреќна во прегратките на луѓето што ги сакам.




-Кој талент би сакале да го поседувате? Убаво да пеам.

Пред неколку месеци, оваа убавица прослави роденден, па на социјалните мрежи ги почести своите фанови со две преубави фотографии, и со по некој мудар и интересен збор.

Децата растат, а луѓето стареат? Не! Човек никогаш не треба да престане да расте. Ова не е утеха за стареењето.




Ова е предизвик. Да бидеме подбри и поголеми луѓе со секоја наредна година од животот. Денес ми е роденден. Благодарам за убавите честитки“, напиша Јована..

Јована е сега на одмор, и иако многумина помислија дека ќе го покаже дечкото со кој е долго во врска и во една прилика има изјавено дека е исто како да се мажи и жена, таа е на одмор со својата сестра.




Јована и сестра и се на една грчка плажа, и се сликани до чадор на кој го пишува бројот 12, а Јована на шега напишала: Станица бр 12.

Претходна статијаКарлеуша во Версаче и со приватен авион пак летна на море, ама не во Турција (ФОТО)
Следна статијаВељко на Цеца отиде во фармери, еве за што потрошил 50 илјади евра