Турка количка по угорница- еве како водителката Александра од брза кујна ја одржува линијата (ФОТО)

0

За водителката Александра Илиевска се знае дека е успешен ТВ водител, но и радио водител секако. Таа беше дел од тимот на кулниранското шоу „Брза кујна“ и се повлече кога дозна дека ќе стане мајка.

Сега, Александра и нејзиниот сопруг Александар се родители на Сара, која се роди пред седум месеци.




– Современиот начин на живот ги поместува границите за основање на семејство.

Оптималното време кога жената треба да остане бремена е кога емоционално, ментално и финансиски е подготвена, а тоа се разликува од жена до жена. Дали навистина постои вистинско време…




Како што излегува, секој што ќе го прашате ќе ви даде поинаков одговор. Да се биде во можност да создадете живот е еден од најубавите подароци што им се дава на жените.




Сметам дека никогаш нема да сме целосно подготвени за сé во животот, а во многу наврати животот ни докажува и покажува дека не секогаш работите можеме да ги планираме.

Најдобро е да уживаме во сé што ни се случува и кога ни се случува бидејќи некои работи во животот едноставно требало да се случат кога тоа бил вистинскиот момент.




Бременост, брак, купување на кола, стан или што и да ви е во моментот на ум… Секогаш барајте позитивни работи, па дури и во негативните исходи, бидејќи каде што е застапена црната боја, секогаш се надополнува белата за баланс.




Верувајте им на интуицијата и срцето, тие никогаш нема да ве излажат. Секогаш имајте резервен план. Кај нас бременоста се случи природно кога најмалку очекувавме, во интересно време за нас и за светот, во време на пандемија.

Играјте ја играта на животот правилно, а тоа е никогаш да не се откажувате од вашите соништа“, изјави Александра за Ринге раја додека беше бремена.




-Не постои поголема жртва на светот од онаа што нашата мајка ја прави за нас. Всушност, таа е најдобрата жена во нашиот живот. Таа е наш водич, учител и е одговорна за она што сме ние денес.




Било да сме тажни или среќни, таа е секогаш покрај нас, дарувајќи ни безусловна љубов. Мајчинството ме потсети и научи на тоа што е мојата мајка за мене, да во иднина јас бидам најдобрата за мојата Сара.




Во животот не постои посуштинска и повечна улога од мајчинството“, рече таа во Женски магазин за својата ќерка.

Александра е сегана одмор во Грција во Неос Марамарас. та објавуи многу интересна слика од својата ќерка.




Со оглед на тоа дека ова градче е со угорници, Александар за одржување на добрата линија има убава природна вежба, прошетките со ќерка си по угрониците.

Претходна статијаЌе се истепаа поради една жена- зошто всушност се скараа најпознаите музичари во бивша ЈУ?
Следна статијаМарко Дај побрзај откри: Се женам во среда!