Светлана Црнокрак одржа лекција како треба да се изгледа на плажа (ФОТО)

0

– Како и секоја тинејџерка сонував да зачекорам на модните писти, да се најдам на насловна страница и да бидам дел од некој престижен избор на убавина.




И се разбира ми се оствари и тој сон. За првпат на мои 18 години учествував на избор за убавина, Мис на Македонија.

Ова го изјави Светлана Црнокрак во едно интервју, која е сега соприга на Мики Црнокарк и заедно го водат модниот бизнис со своето стдуио.




Имам учествувано и освојувано многу титули на изборите за убавина, особено на интернационалните, каде што навистина бев горда како амбасадор на македонската убавина.

Со Мики се запознавме токму на модна ревија. Заедно работевме. Уште од самиот почеток на нашата љубов, најискрено си помагавме и си ги кажувавме своите недостатоци доколку ги имаше. Така функционираме и сега во однос на работата.




Убаво е кога сме и двајцата во иста бранша и мислам дека кога едниот не би го работел истото (бидејќи оваа работа е специфична) можеби би имало повеќе проблеми“, изјави таа за Хибрид.мк




-Денот ми почнува како и секогаш со рано будење, будејќи Нина рано се буди. Но, понекогаш ме остава и 15-20 минути да си поспијам. Првото кафе најчесто го пијам со Мики дома, правејќи план за тековните работни обврски, со тоа што јас пијам кафе, а тој цеден сок.




Многу работи ме мотивираат и ме исполнуваат. Тргнувајќи од домот, семејството и децата како првенствени двигатели во мојот живот. Работата ме мотивира, и слободните часови во денот кои гледам максимално да ги искористам или за себе, или за семејството или за пријателите, рече светлана за Женски магазин.




За неа многумина велат дека не старее и секогаш изгледа одлично, а за својот изглед таа збоеуваше во Женски магазин и за корекциите кои ги наоправила за убавината.

– Немам нешто конкретно што би го издвоила како многу убаво и неубаво на мене. Задоволна сум од својот изглед, се трудам колку што можам да го зачувам, да го негувам, а останатото го препуштам на Ординација Др.Анчевски. Со помош на нивните третмани моето тело, моето лице изгледа секогаш свежо и подмладено.




Мојата промена е минимална. Освежување со филери, третмани за стимулација на создавање за колаген, лифтинг на лицето, вратот и рацете, ботокс и минимална корекција на усните.




Јас немав некои посебни хируршки зафати, туку тоа се третмани за освежување на кожата на рацете, вратот и лицето. Тоа се временски кратки третмани кои некои од нив се повторуваат на секои две недели“, рече Светлана.

Таа со семејството беше на одмор во Турција и од таму споделија слика која ја опишаа како најубавото место на светот, а сега повторно ужива на плажа, но не откри кадe, но наликува на Охридското езеро.




Светлана сподели уште една убава и грациозна фотографија од плажа, на која е истакната нејзината елеганција и префинет стил, па не можеме ништо друго да кажеме освен секоја чест!

Претходна статијаДечко ѝ пазaри и ѝ носи цвекиња: Комшиите на најубавата водителка открија каква е
Следна статијаПознатата водителка откри: Не сум голем фан на Виз ер, ама на Халкидики не одам