По минатогодишните рестриктивни мерки и неможноста да пејат во локалите, пејачите од нашата естрада ова лето, имаа можност да се вратат на старата професија и да ги забавуваат гостите и нивните обожаватели.
Сузана Гавазова, откако се омажи за Јасмин кој живееше во Шведска, и таа замина во него во оваа скандинавска земја и роди две ќерки. Потоа, и на Сузе и на Јасмин почна да им фали Балканот, па си се вратија во Македонија.
-Не можам да ја споредам Македонија со ниту една друга земја, а нема ни потреба, ја сакам затоа што е моја. Ја сакам и Босна затоа што мојот сопруг е од Босна. Ја сакам и Шведска затоа што моите ќеркички се родија во Шведска.
Не дека Шведска е лоша земја за живеење, но мене лично и на моите ќеркички ни сметаше ладната клима и студениот ветер…
А потоа почна да му смета и на Јасмин. Секогаш кога ќе си дојдевме во Македонија не сакавме да се враќаме назад, и така еден ден решивме да си останеме во Македонија“, одговори Гавазова во едно интервју.
Сузана е позната како пејачка која на вистински начин знае да донесе македонска народна песна со нејзината интерпретација но и да испее авторска песна. Сузана Гавазова е мајка на две ќерки, Емили и Селена. Ќерките се само една година разлика, Емили има шест ипол години а Селена пет ипол.
Згодната Сузе до пред некој ден објавуваше слики од одмор, качена на јахта, покажувајќи го згодното тело. И, откако се одмори убаво, а богами и се исконча, Сузе од јахта се префрли на друго место.
Таа објави стори на Инстаграм од свадба сношти, еден ден пред да стапат на си-ла новите мерки на Владата на кои се бара сертификат за имунизација или прележан вирус во улостителските објекти.
Па така, Сузе ја пееше својата песна „Бум бум“, а невестата качена на стол уживаше воп нејзината песна. Позади Сузана се гледаат и веселите сватови, кои играат блиску еден до друг додека таа пее за љумо-мората во нејзината позната песна.
– Пу-ста љубомора разединува; Само песна нас не обединува; Не е важно тоа кој од каде е; Треба сложно да се живее; Пуста љубомора разединува
Само песна нас не обединувач Не е важно тоа кој од каде е; Треба сложно да се живее
Треба сложно да се живее; Душм-ани од завист да позеленат; Срца наши да се веселат
Љубомора пуста нив ги убива; Кога некој вака ужива; Кога некој вака ужива
Никој ништо не ни може. Само песна дај ни Боже. БУМ БУМ, БУМ БУМ“, вели песната на Сузе која ја пееше на свадбата.