Син ми единец живее со 13 години постара жена, не можеме да се помириме со тоа

0

Денес живееме во модерно време кога сè е нормално, ама се додека тоа се случува во некоја друга куќа, на некое друго место. Кога „нормалното“ од 21 век ќе ти затропа на врата, не можеш да поверував што ти се случило.




Син ми има 27 години и како и секој млад човек имаше повеќе врски со девојки, но со ниедна не беше сериозно. Пред три-четири години се вработи во сериозна фирма и со татко му си рековме дека конечно ќе созрее, па можеби ќе си најде и девојка за сериозно.




Еден ден дојде сосетката, и додека го пиеше кафето постојано започнуваше разговор за нашите деца, како да сакаше нешто да ми кажа „одоколу“, ама како да и беше непријатно. И тогаш ја прашав, а таа ми одговори.




Тогаш ја дознав вистината за син ми, дека почнал да се гледал со некоја мажена жена, многу постара од него. Не знаеше точно да ми каже, ама кажа дека биле преку 10 години разлика.

Ова некако ми дојде ненадејно и неочекувано, не само што син ми единец започнал да се гледа со постара жена, туку згора на тоа, таа била мажена.




Веднаш разговарав со сопругот и одлучивме дека тоа мора да сопре, да се обидеме нашиот син да го вратиме на правиот пат. Сопругот кога слушна најпрво се насмеа, рече „види го ти него“, гледајќи ги работите од машка страна.

Но подоцна се сложи со мене дека не е во ред постапката на нашиот син, особено затоа што таа мажена жена има и дете.




Му реков дека треба да седне и да разговара со него како татко со син, и да се обиде да му стави памет во глава. Јас уште следниот ден започнав да се распрашувам и се изненадив колку луѓето околу нас биле добро информирани за сè.

Сите знаеја сè, само јас со сопругот ништо не насетувавме. Така дознавме дека „таа“ е наставничка, мажена жена со едно дете, а со син ми се гледале речиси секој ден и ноќ. Кога тој некогаш ќе излезел со другарите, таа била многу љубоморна и насекаде го следела каде и да одел. Полека ја плетела мрежата околу него.




Точно дека син ми не е дете, но во овој случај тој за неа е бебе. Цели тринаесет години е постара од него, а од мене е помлада само осум години.

Се обидовме со сопругот да му укажеме дека тоа што го прави не е во ред, но и дека таа жена има сериозно пореметување. Не успеавме да допреме до син ми.




Еден ден отидов во училиштетото каде што дознав дека таа работи и ја чекав во училишниот двор. Само што и пријдов, видов дека ме препозна. Не сакаше да ме сослуша и брзо влезе во нејзиниот автомобил. Ми рече дека тоа било нивно право, дека се сакале тие двајцата, дека таа поднела тужба за развод и дека конечно ќе можела да се венча со син ми.




Си замина и ме остави со подотворена уста. И навистина, таа набрзо се разведе. Повторно се обидов да разговарам со неа, ги употребив сите мои сили и начини, пробав и со добро и лошо, ја наговарав да го остави син ми, а работите излегоа од контрола и станаа полоши.




Еден ден син ми се спакува и си замина од дома. Дознавме дека заминале да живеат во друг град од провинцијата, каде таа имала стан. Цело време си мислев дека тој ќе ја остави, а потоа слушнав дека таа била бремена од него веќе неколку месеци и дека ќе му роди дете. Мое внуче.




Никако не ја сакам, ниту некогаш ќе можам да ја засакам. Од мене е помлада само 8 години, а на него може мајка да му биде. Сега ми пропаднаа сите надежи дека син ми некогаш ќе се спаси од неа. Сега, откако ќе му роди дете, ќе биде вечно заглавен со неа поради тоа дете.

Сопругот ми се разболе, не можеше да ја поднесе целата ситуација која се случи со нашиот син. Најпосле тој се помири, но јас не. Не можам да се помирам со таа жена која го искористи моето дете. Ако веќе толку сакала љубовник, можела да си најде некој на своја возраст.




Бидејќи немаме никаков контакт, се надевам дека синот ова ќе го прочита и ќе се сожали над своите родителите. Се надевам дека ќе дојде да си го посети барем татка си, кој е многу болен.

Обработи: П.П.   Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаСимптоми кои не смеат да ги игнорираат дури и имунизираните – можат да укажуваат на вирусот
Следна статијаКаролина никогаш не изгледала поубаво, еве ја причината за нејзината среќа (ФОТО)