Сара Мејс сподели слика со чудесни суштества – нејзината ќеркичка ќе го памети ова доживување (ФОТО)

0

Сара Мејс, пејачката која е диполмиран харфист е во среќен брак со познатит ТВ и радио водител Димитар Атанасовски. Нивната среќа е надополнета со слатката ќеркичка.




Пред четири години, тие направија уникатна свадба која ја отворија со интересен танц кој го научија во емисијата „Танц со ѕвездите“, а гостите беа воодушевени од нивниот настап. Пред три години, се роди нивната ќерка Илина, во септември во 2018 година.




Сара, која е пејачка и харфистка и водителот Димитар, кој е косопственик на една маркетинг агенција се запознаа на шоуто „Танцот со ѕвездите“ каде што и двајцата учествуваа.




Иако нивната прва средба била во емисијата „Тротоар“ која ја водеше Димитар, во „Танц со ѕвездите“ се родила вистинската љубов.

„Не бевме во ист тим, но се гледавме често, па така почна да се развива љубов. Првиот бакнеж ни беше откако го изигравме англискиот валцер“, има изјавено Сара.




Токму кога беше дел од шоуто Танц со ѕвездите, Димитар за својот стил на облекување зборуваше во интервју за Фешнел:

– Сакам да се чувстувам удобно, да не бидам во завиткан во најлони и да речам дека тоа е мода, туку едноставно сакам да ми прилега на мојот стил прво како човек, а како второ да одговара на стилот на млада личност која се појавува на медиум,“ смета Димитар.




Пред да се роди Илина, кога и тој и Сара со нетрпение ја очекуваа да го запознае овој свет, тие изјавија во Женски магазин:

-Овие девет месеци барем мене ми поминаа како 9 секунди. Искрено, сите на почетокот не плашеа, ова ќе се случува, тоа ќе се случува, ама навистина, девет месеци како песна.

Сара е толку чукн-ата, што на неколку дена пред да се пораѓа, игра ора по свадба и планинари за да види каков поглед ќе има од врвот.




Инаку, генерално, мене ми поминуваа деновите буквално како сите нормални денови претходно, со исклучок на тоа што не возевме мотор само годинава.

Инаку, Сара не беше воопшто трудница што се жали и ѝ е тешко (за моја среќа), па немам некој посебен ангажман. Искрено, јас бременоста нејзина, не ја ни осетив“, рекол Димитар.




Терминот за породување ми е на 9.09. Сѐ уште се мислиме за име, имаме неколку опции, зависи од тоа кога ќе се роди бебето.

Но, ако се роди на 8 септември, задолжително ќе се вика Северина, хахаха. Сакам само со лесно да се породам, се да биде во ред, да е жива и здрава“, изјавила Сара.




Сара и Димитар се на одмор во Египет овие денови, заедно со Илина и често споделуваат убави слики од Хургада.

Тие се пресреќни што одблиску се дружеле со делфините, а Сара објави слики како ужива со своите нови пријатели и напиша:




Аххх, немам зборови.. Прекрасни суштества… Делфините се чудесни!

Претходна статијаДарко Лазиќ откри која голема српска ѕвезда му тутнала 1.000 евра во кошула додека пеел
Следна статијаДенис Космонаутко го спрема скафандерот: Денес над 300, би сакал да е слика од пред една година, но за жал не е