Сања од „Брза кујна“ искачи скоро 1000 скали да да стаса на најромантичното место на светот со својот Томи (ФОТО)

0

Сања Савеска е долги години е во новинарската професија и може да се пофали со многу интервјуа со домашни и светски успешни личности и репортажи.




Таа беше едно од заштитните ТВ лица на телевизија 24, а сега е дел од Сител телевизија, поточно водителка на пополарното шоу Брза кујна, заедно шефовите Никола и Марк.

-Уживам и ја работам оваа работа со страст, затоа што сметам дека само така може да се успее. Без страст сè пропаѓа и се губи.




Уживам зашто запознавам различни луѓе од кои секојдневно учам, затоа што сум сигурна дека со мене им почнува денот на многумина и успевам да им го разубавам.

Астрологијата вели дека и не можам да работам нешто друго, зашто планетите тоа го сакаат. Кога ќе погледнам наназад, уште од основно училиште пишував текстови, уредував училишни списанија.




Во средно училиште барав начин како да почнам да работам во радио, па немав срам да се јавувам во сите радио станици и да прашувам дали им треба водител.

Така и се најдов во Радио „Оаза“ во далечната 1995 година каде имав своја тричасовна радио емисија „Диско коцкичка“, има изјавено Сања во едно интервју за Точка.




Откако стана дел од Брза кујна, Сања вели дека оваа задаќа и е голем предизвик, и во една прилика коментираше каква готвачка е таа самата и како се снаоѓа во кујната.

– Обожавам да поминувам време готвејќи, ме смирува, релаксира и инспирира . Благодарение на моите родители научена сум од мала да ги завршувам домашните обврски сама, па така и доста мала научив и да си направам јадење.




Сакам да готвам и да пробувам нови рецепти, но ги сакам и традиционалните јадења. А дали сум добар готвач ? Досега никој не се пожалил на стомак, а и ништо не останало недојадено“, рече Сања во Женски магазин.

Марк и Никола освен што се извонредни шефови се и навистина вистински шоумени, забавни се и сакаат шеги . А тоа богами не изостанува во нашето шоу.




Анегдоти има многу, дел од нив се пред камерите ,а има и такви моменти кога не сме можеле да престанеме со смеење па чекаа во режијата да се смириме и да продолжиме, на пример кога шеф Никола направи туфахија а шеф Марк ја коментираше …е тука мислам 5 пати дека не враќаа за да снимаме.




Среде емисија ни има летното блендер полн со крем, се запали крпа, јас истурив шише зејтин па се лизгавме, но во овие и многу други моменти снимањата течеа најпрофесионално“ рече Сања.

Среде емисија ни има летното блендер полн со крем, се запали крпа, јас истурив шише зејтин па се лизгавме, но во овие и многу други моменти снимањата течеа најпрофесионално.




– Таа е девојка која сака да патува и сака да шета во природа, а на социјалните мрежи знае да го покаже и нејзиниот дечко Томи за кого еднаш има изјавено во Женски магазин:

Повеќе и не сакам да откривам, тогаш не би бил приватен живот. Заедно функционираме неколку години,и двајцата сме си поддршка во работата.




Томи е спец.неврохирург и има многу потешка работа од мојата и премногу одговорна , и мојата работа исто бара долго отсуство од дома, но секое слободно време сме заедно и ги правиме работите што не опуштаат, возење со мотор и долги прошетки со Маша .

Сосема случајно се запознавме, на една прослава, па пополека , иако различни сфативме дека сме еден за друг, и токму неговата упорност како карактерна особина ме привлече.

Му се воодушевувам на енергијата што ја има , и што не отстапува од своите цели колку и да тоа значи жртва и отстапки од многу нешта“.




Сања сега ужива на одмор со својот Томи и тоа како што објави е на најромантичната тврдина на светот, на Пелепонез, во Грција. На Фејсбук, Сања вака го опиша својот одмор:

Круна на преубавиот Нафплион е тврдината Паламиди,која се издига на 216 метри над морето а до неа водат 999 скали .Многу историја на едно место.




Денес можеби најромантичната тврдина ,од чиј поглед застанува здив. Место кое едноставно сакаш да го посетиш повторно“, напиша Сања откако ги исачила 999 скали.

Претходна статијаНашиот познат фудбалер сликан во екстра скап и луксузен хотел во Црна Гора (ФОТО)
Следна статијаЌерката на Исидора Бјелица откри што било посебно кај нејзината мајка