Речиси секој ден се потврдува една вистина во врска со вирусот – шансата имунизираните да се заразат е многу помала

0

Главната мисија на здравтсвените работници во периодот кога во речиси сите земји во Светот има вакцини, е да го убедат населението да се имунизира.




Само со масовна имунизација, може да се стигне прагот потребен за колективен имунитет и да се запре пандемискиот вирус. Тој праг, со новата Делта варијанта, која е многу позаразна е преку 80 проценти.




Целосно вакцинираните луѓе во Англија имаат три пати помала веројатност да бидат позитивни на коронавирус отколку невакцинираните, според британското истражување објавено денеска.




Ова е студија на научниците од Кралскиот колеџ во Лондон спроведена на 98.233 тестови за коронавирус помеѓу 24 јуни и 12 јули.

Вкупно 0,63 проценти од тестовите биле позитивни (или 1 на 158), при што процентот на позитивни кај невакцинираните изнесувал 1,21 проценти , а кај целосно вакцинираните 0,4 проценти.




Студијата, исто така, посочува дека резултатите покажуваат дека вакцинираните луѓе имаат помала веројатност да го пренесат вирусот отколку невакцинираните, бидејќи количината на вирус во нивното тело е помала.




Сепак, некои британски претставници и научници повикале на претпазливост, откако владата ги олесни сите рестриктивни мерки на 19 јули, вклучително и укинувањето на задолжителното носење маски во одредени затворени простории.




Документ на американската влада протечен минатата недела предупредува дека инфекциите кај целосно вакцинираните луѓе не се толку ретки како што се мислеше и дека вакцинираните луѓе лесно можат да го пренесат вирусот.




Пол Елиот, професор во одделот за јавно здравје на Империјал Колеџот и директор за истражување, рече дека резултатите ги потврдуваат претходните податоци што покажуваат дека двојната доза на вакцината обезбедува добра заштита од инфекција.




„Сепак, ние исто така можеме да видиме дека сеуште постои ризик од инфекција, бидејќи ниту една вакцина не е 100 проценти ефикасна, и знаеме дека некои луѓе со двојна вакцинација сеуште можат да го добијат вирусот“, рече тој.




„Значи, дури и со олеснување на ограничувањата, сепак треба да дејствуваме со претпазливост за да се заштитиме едни со други и да ја спречиме стапката на инфекции“, додаде Елиот.




Бројот на дневни случаи во Велика Британија регистрирани од Министерството за здравство на Обединетото Кралство е намален по олабавувањето на мерките. Овој тренд ги изненади експертите кои предвиделе големо зголемување на бројот на заразени.

Претходна статијаТуристи се жалат, вака никогаш не било во Грција – во соба температурата е повисока отколку надвор
Следна статијаЦеца за првпат прозборе за љубовта со Богдан и каква е со мажите