Еден од најголемите живи актери од територијата на Југославија, кој по голема актерска кариера во поранешна Југославија, направи солидна кариера и во САД и Европа, Раде Шербеџија. Тој даде во интервју за белградскиот неделник НИН кој го реобјави kultura.mk
Тие доцни шеесети, Дубровник беше светла театарска сцена, светска, европска и југословенска.. Во тоа време се дружеа актерите од цела Југославија: од Србија беа Љуба Тадиќ, Стево Жигон, Ружица Сокиќ, Мира Ступица, Бранко Плеша…
Сите со години работеа на летните игри, кога боговски се живееше. Подоцна го открив островот Силба, каде што купив плац и изградив куќа. Тогаш немаше електрична енергија. Тоа беше прекрасно и романтично. И рибата мирисаше поинаку. Се беше поинаку.
Таму одев секое лето после Дубровник и останував цел септември. Таму ловев риба и сеуште таму имам пријатели. Се сеќавам дека еднаш отидов на филмскиот фестивал во Пула и добив Златна арена – не се сеќавам повеќе за кој филм беше тоа – и кога се враќав од Пула на бродот прочитав во весник, дека мојот пријател, Дамир Галетовиќ фатил голем буцањ тежок 56 килограми.
Секако работите се изменија. Некогаш, како што велите, бев еден од најпопуларните луѓе на тој простор, потоа дојде време кога бев во поедини средни еден од најнепопуларните луѓе, каде акциите ми паднаа, но сега повторно дојде времето кога луѓето почнаа да ме разбираат.
Секако, секогаш има паметни луѓе, оние кои од самиот почеток ги разбираат работите, но има и многу невини луѓе, кои гледаат своја телевизија, читаат свои весници и тие примаат само такви информации и тие веруваат во такви информации.
Меѓутоа, работите се менуваат. Гледате, луѓето повторно комуницираат меѓу себе, еве луѓето патуваат, до пред десеттина години на Србите им беше тешко, па и опасно да доаѓаат на Јадран, но денес ете се доаѓа масовно, значи таа тензија спласна.
Јас нешто не верувам дека ќе престанам секаде да бидам странец. Бидејќи, кога еднаш ќе станеш странец во светот, тоа не е само состојба на човекот, кој е, да кажеме, апартрид, туку тоа станува една состојба во која човекот се заљубува и се чувствува лагодно.
Мене ми има кажано Данијел Драгојевиќ, баш тој генијален хрватски поет кој ми е пријател: „Што јас вам ви завидувам, вие успеавте да бидете она за што јас постојано сонувам, да бидам странец меѓу сопствениот народ!“
Почнуваш да се заљубуваш во нешто друго. Така, да кажам, еве, сега ми фали Лос Анџелес. Ја сакам таа клима, тој воздух во кој нема ниту малку влажност, ја сакам вечната пролет таму, ги сакам некои прекрасни ресторани во Санта Моника и на Беверли Хилс“, рече тој во интервјуто.
Познато е дека Шербеџија има свој театар на островот Бриони, а и дека му е пријател познатиот музичар Влатко Стефановски. Влатко објави слики од Бриони и од дружбата со Шербеџија кој самиот му подготвил вечера.
-За добредојде на Бриони, кој подготви вечера за Влатко стефановски трио сношти? Раде Шербеџија лично.