Јован Јованов е еден од нашитре најпознати музичари. Тој е пејач и композитор, а музичаката кариера ја започна со групата „Магија“ и хитот кој се вика исто како групата.
-Првите стихови ги напишав кога имав 10 години. Од тогаш музиката и компонирањето ми станаа моја прва љубов. Од 16 години веќе почнав да заработувам и живеам од музика. Од тогаш љубовта ми стана работа.
Тоа беа годините кога со групата „Магија“ постигнав популарност, доживеав успех кој не беше секојдневен за моите врсници.
Животот ми се смени комплетно. Учев и работев. Одев на часови а одев и на состаноци. Имав визија и план и го правев тоа што го сакав.
Додека студирав го отворив и моето прво студио за создавање и снимање на песни. Бев најмлад кантавтор што победил на Макфест во 1998 година и најмлад композитор што ја претставувал Македонија на Избор за песна на Евровизија во 2004, со песна во изведба на Тоше Проески.
Започнав и соло кариера но, 90% од моето творештво беше за други изведувачи.
Уметноста кон создавањето на музика со модерниот звук беше мојот приоритет“, изјави тој во интервју за mojzbordotcom.wordpress.com
-Отворив и продуценска куќа и бев менаџер на Слаткаристика, Next Time, Елвир Мекиќ, Тони Зен и други. Огранизирав преку 30 концерти на познати Балкански Sвезди.
Со тек на време осетив дека повеќе сум насочен на бизнис а не на музика.
Се повеќе се одалечував од мојот сон и мојата мисија. Тоа и беше една од големите причини зошто пресеков се.
Ги затворив моите две фирми и решив да заминам и да се посветам на тоа што најмногу го сакам. Во 2014 заминав во Холивуд да учам за саунд инжинер. Сакав да го усовршам моето знаење и да го запознаат правиот музички бизнис.
После една година живење и студирање во Холивуд во 2015 година добив иселенична виза за Канада и се преселив во Торонто.
Тука работам исто што и работев во Македонија. Имам свое студио за снимање и миксање на песни, создавам музика, аранжман (продукција). Работам со канадски артисти. Посветен сум максимално на ова подрачје и фокусиран да постигнам поголем успех.
Во исто време сиве овие години создавам конекции за наскоро да се префрлам со живеење и работа во Холивуд. Тоа е мојата желба од дете и работам на тоа“, изјави Јован во истото интервју.
Тој објави слика на Фејсбук каде што се гледа дека животот во Канада баш му годи, но она што може да се забележи е неверојатно, дека Јован е младолик и изгледа речиси исто како во времето кога беше во групата „Магија“.