Откако велешанката Мими од Звезде гранда се вери, се огласи нејзината сверкрва Гордана (ФОТО)

0

Неодамна излезе албумот „Мојата последна песна“, на Есма Реџепова и браќата Нуне, како еден вид омаж на незаборавната Есма Реџепова.




„Мојата последна песна“ е исклучителен документ бидејќи ги содржи најновите снимки на Есма Реџепова, македонска ромска пејачка, која се стекна со светска слава како „Ромска кралица“.

Тука таа е поддржана од младиот македонскиот бенд „Браќа Нуне“ – албумот е снимен во нивното студио во Скопје, Македонија, во месеците пред загубата на Есма.

Откако Есме веќе долго време ја нема, Филип и Раде Нуневски заклучија дека е вистинско време да се објават овие историски снимки, снимајќи уште четири песни, покрај шестте веќе снимени. „Мојата последна песна“ е финалето на Есмина, а исто така и интернационалното деби на Браќата Нуне“, објави неодамна порталот dertmusic.com




Филип Нуне или Филип Нуневски е еден од музичарите кој со својот брат реши на овој начин да ѝ даде почест на Есма, а тој во јавниста е познат и како дечко на Мими Јовановска, убавата велешанка која се прослави во учеството во Звезде гранда.

„Јас уште од мала пеев по свадби, и кога моите пријатели излегуваа, јас не одев со нив, пеев по свадби“, откри таа во емисијата „Магазин“ на Сител.




Потоа за Мими зборуваше нејзината пријателка Марија.

– Покрај толкава гламурозна сцена, Мими си е истата останата. Искрено, со толкава поддршка од близките Мими е стасана каде што е.

Во слободно време заедно ги читаме пораките од обожавателите и а одговараме“, изјави другарка на Мими за неа.




Другарката потоа раскажа за големото изненадувањето коешто таа и пријателите ѝ го подготвиле, а Мими била во голем ш -ок, но позитивен.

– Мајка ѝ и нејзиното братче живеат во Шведска и повеќето од времето се разделени отколку што се заедно.

И договоривме мајка ѝ да дојде без таа да знае. Ѝ викам: Мими, може ли да се видиме на кратко?




А таа ми вели: Морам да одам во Велес. А мајка ѝ беше веќе пристигната. Ѝ реков, Мими, врати се, многу ми требаш.

Се врати, и со ова можам да кажам дека е вистинска другарка. Ѝ приредивме големо изненадување, и не знаеше каде се наоѓа“, рече нејзината добра пријателка Марија.




На ова Мими одговори: „За мене тоа беше навистина голем шок. Не знаев каде се наоѓам. Се немав видено со мајка ми долго време, повеќе од една година, и кога се појави позади мене…




-Со пеење се занимавам од најрана возраст, најпрво во училишните хорови, а потоа продолжив во средното музичко училиште во Штип. Мојот талент за пеење го откри мојата мајка, која секогаш била моја поддршка.




Во моето семејство од страна на мајка ми сите се музички талентирани, меѓутоа никој професионално не се занимавал со музика.“, изјави Мими во Хаштаг.

Но, таа сега засекогаш, на вечна љубов му се заколна на Филип Нуне, со кој е во долга врка, но малку зборува за него.

Мими неодамна овјави слика со прстен кој ѝ го дал Нуне и напиша: Милион пати ДА! Оваа слика ја сподели Гордана Нуневска, идната свекрва на Мими која на Фејсбук напиша:




-Си имам снаа. Да сте цел живот среќни!

Претходна статијаБлагоја Зегин уште еднаш ја покажа својата голема хуманост
Следна статијаНа нашите пожарникари ова им е најголемиот пожар што го доживеале (ФОТО)