Внукот на Војо Стојаноски, Влатко не одолеа да направи фото со Гавазова – облечена во кратко бело фустанче (ФОТО)

0

Македонскиот фолк пејач Влатко Миладиноски е познат во Македонија и во дијаспората. Тој настапуваше насекаде низ светот со неговиот брат Златко Миладиновски, но и со братучед му, Дамјан Стојаноски, синот на легендата Војо Стојаноски.




За порталот Порта.мк во време на карантинот тој раскажа дека веќе 3 месеци карантинот го поминува со најмилите во својата викендица во село Јаорец оддалечено на 9 километри од Кичево. Недопрената природа и зеленило се непроценливо богатство во нашата етнографска област, позиционирана во централниот дел од Западна Македонија.




За себе вели дека ова е единственото место каде практично ги полни батериите, одминувајќи го времето во природа со песна и позитивна енергија.

Нашиот популарен пејач на народна музика на почетокот од минатата година започна со промоција на нов спот, овој пат за темата „Се вратив сине“.




Спотот е снимен во Швајцарија, поточно во Лозана и Морж, и на Козјак. Музиката и аранжанот за оваа песна ги направи неговиот брат Златко Миладиноски, а текстот е на Драган Матески.




Промоцијата на најновиот спот дојде во време кога Влатко успешно ја заврши телевизиската и концертната промоција на својот нов албум „Велат не нема“, а се започна точно пред една година со спектакуларниот и емотивен настап во близина на Солун, за кој зборуваа и информираа сите, каде Влатко и 2.000 македонски грла заедно ја пееја „Велат не нема“, песна која ќе ја одбележи неговата кариера.




Неговиот братучед Дамјан, неодамна гостуваше во емисијата Магазин на Тв Сител и таму изјави:

„Имам среќа што јас можам да живеам од музика и на сите мои колеги би им порачал да не се откажуваат ниту во ова време“, порача Дамјан.

Тој рече дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди, а еден од нив е и фолк пејачот Влатко Миладиновски.




Дамјан раскажа дека со братучедите одел на доста турнеи низ Австралија и секаде каде што има нашинци. „Сум можел да живеам надвор од Македонија, но не сакав, решив да останам тука, јас сум голем родољуб“, порача младиот пејач.




Тој многу сака да го поминува времето во неговото село, Букојчани, Кичевско. И Влатко, исто како и Дамјан е горд на својот кичевски крај и таму ќе одржи концерт со многу гтости, за што објави на Фејсбук:




Со особена чест ве поканувам на мојот голем солистички концерт под мотото “Со љубов за Кичево” Влатко Миладиноски & Атва резиденс ДАТУМ: ЧЕТВРТОК (26.08.2021); ПОЧЕТОК: 20:00 часот;

ЛОКАЦИЈА: Во дворот на Атва Резиденс Хотел-(Добреноец Кичево); ВЛЕЗ СЛОБОДЕН




Но, Влатко во своето Кичево нема да пее сам туку ќе има и многу гости: Сузана Гавазова, Јордан Митев, Анета Мицевска, Спасен Сиљаноски, Дарко Стојаноски, Дамјан Стојаноски.




Тој објави слики од селото Косел охридско каде што имало забава со многу гости, оро се виело, се пеело и се играло. По Косел, тој објави слики од Могила. Друштво на настапот му прави згодната Сузана Гавазова која е облечена во бело тесно фустанче.

Претходна статијаДенис Космонаутко го спрема скафандерот: Денес над 300, би сакал да е слика од пред една година, но за жал не е
Следна статијаКарлеуша во Версаче и со приватен авион пак летна на море, ама не во Турција (ФОТО)