Убавата Милена Антовска- Станковска, е со години наназад една од нашите најуспешни и најпопуларни водителки. Таа, како што е познато е дел од тимот на Канал 5 телевизија.
![]()
![]()
![]()
![]()
Милена вели дека уште е ведра, насмеана, комуникативна, дружељубива, но сега за разлика од порано е малку посталожена, заради мајчинството, но се чувствува и како детето во неа уште да живее.




Милена е сега мајка на Лана Марија која има четири години. Милена вели дека ќерката е сиот нејзин свет. „ Секојдневно се изненадувам себе си и правам работи за кои сум мислела дека никогаш нема да ги правам.




-Станав уште поемотивна, многу мои животни навики се сменија, начинот на живот и темпото. Кога станувате мајка веќе сè друго е во втор план, барем кај мене е така“, вели водителката.




Милена е бремена со второ дете. Таа и нејзиниот сопруг Гордан ќе станат родители по вторпат. Убавата водителка за „Слободен печат“ сподели детали за бременоста и за емоциите што ги проживуваат таа, нејзиниот сопруг Гордан и нивната ќеркичка Лана Марија.




„За една недела треба да влезам во петтиот месец од бременоста, а бебето треба да се роди во јануари. Бременоста тече во најдобар ред, сѐ е како што треба, единствено малку ми е потешко затоа што сега немам толку енергија, а веројатно тоа се должи и на топлото време“, вели Милена за „Слободен печат“.




„Не бев сигурна за второ дете, но сега сум сигурна дека е тоа најубавото нешто. Пред да го дознаеме полот на бебето, јас мислев дека ќе биде машко, а Гордан беше убеден дека ќе биде девојче. Јас се излажав овој пат“, вели среќната водителка.
-Бебето ќе се роди во јануари и ако се погоди јарец во хороскоп, како што сум јас, тешко на Гордан. Име уште не сме смислиле, сега за сега не можеме да се договориме.
![]()
![]()
![]()
![]()
За Лана се договоривме веднаш, па потоа го додавме Марија, бидејќи се роди на Голема Богородица. А за ова има време, ќе смислиме, нека е живо и здраво, тоа е најважно. Лана е превозбудена, ептен среќна е и секој ден прашува како е бебето.




Јас се чувствувам супер, се е во ред иако малку ми е потешко од првата бременост. Но, и жештините си го прават свето. Мислев дека не сакам второ дете, но како поминуваат месеците така се повеќе и повеќе се радувам и сметам дека нешто поубаво и не можеше да ми се случи, откри Милена за ММС.




Таа го покажа трудничкото стомаче и на сликата на која Милена е во бикини се гледа дека изгледа прекрасно и ја одржува свиојата идеална линија.

























