Миланка Рашиќ објави слики од плажа и кажа што не може да престане да прави деновиве

0

Нашата позната новинарка и ТВ водител Миланка Рашиќ во едно интервју за Точка зборуваше за тоа кои биле нејзините соништа како мала.




– Како мала сонував да бидам писател, многу читав и уживав во имагинарниот свет меѓу кориците на книгите. Имав и дарба за пишување и освоив неколку награди.

Телевизијата ми беше привлечна, но не ни сонував дека еден ден ќе станам ТВ водител и автор.




Задоволна сум од кариерата, направените репортажи, преноси, фестивали, но секако дека секогаш може подобро и повеќе. Идоли немам. Се восхитувам на жени кои знаат што сакаат и како да дојдат до целта, без да газат преку други луѓе..

-Кога ќе ме видат првпат во живо луѓе кои ме гледале само на телевизија, не можат да се изначудат! Камерата додава килограми и тие очекуваат да сум покрупна и повисока, а јас сум висока 170 см и носам конфекциски број 38!

Во парк кога сум во тренерки и патики, по три пати ме погледнуваат за да се уверат дека сум јас“, рече Миланка.




Кој тип на маж може да го следи твојот животен ритам, ја прашаа потоа, а таа рече: „Интелегентен, реален и амбициозен. Како што вели Кери во „Се . сот и градот“ за Ѕв ерката: „Сакам маж, не за да ме заузда, туку за да трча крај мене низ животот“.




– Мојата агенција „Миракс“ ги откупува ТВ правата за емитување на Оскарите долго време. Дури и идејата да отворам фирма дојде од дистрибутерите на Оскарите, кои сакаа да продолжат да соработуваат со мене откако си заминав од Македонската Телевизија“, објасни Миланка во една приликa во Женски магазин.




Нејзиниот избор е медитеранска исхрана, многу овошје и зеленчук, маслиново масло, јаткасти плодови, мешунки и житарки.

„Сето ова е посебно добро за здравјето на срцето. Веќе 3 години секој ден го започнувам со топла вода со лимон и сода бикарбона, што е чист Ц витамин. Потоа лажиче органски бронхи мед од моите пријатели Кировски кој ми го носат од Кочани.




Пијам доста вода и чаеви во текот на денот, зашто факт е дека хидрирањето е најважно. Мора да му помогнеш на организмот да ги исфрли токсините. Не пијам газирани сокови и не јадам брза храна.




Пред некое време го намалив пиењето млеко, зашто немав мерка. Сите по алк охо -лот, јас по млекото, ха,ха. Периодов се научив да го контролирам јадењето благо.

Не си забранувам ништо, но ретко пробувам од омилената чоколадна торта. Почесто бирам здрави слатки од урми, ореви и какао. Зашто без слатко, нема живот за мене“, искрена е Миланка во истиот медиум.




За коментарите дека времето минува, а таа не се менува, Миланка вели: „Имам среќа што родителите ми беа младолики, наследив добри гени. Не пи јам, не пу шам, никогаш немам ни запалено ци гара.




Кафе пијам ретко. Мислам дека умереноста во сѐ е најважна. Далеку сум од совршена, но се сакам себеси, убаво ми е во моја кожа, со сите мои добри и лоши страни, искуство и знаење. Заедно со прочистувањето на телото оди и прочистувањето на умот. Читањето ми е пасија од дете“, изјави Миланка.




Таа е една од оние за кои нaродот знае да си рече дека времето замрзанало, а Миланка докажува дека тоа е точно. Таа во моментов е на одмор во Охрид, и на Фејс објави сосема природни слики под кои напиша:

„Посебно убаво ми е деновиве езерото, од вода не излегувам. Feeling happy and free“

Претходна статијаСе огласи ќерката на Лане Гутовиќ, со тажни зборови се прости од татка си
Следна статијаАна Бекута е загрижена за здравејто на саканиот, ѝ се јави на неговата бивша жена