Миа Костова распали по синоќешните говорници на протестот: Би ја чукнала по глаа да се рестартира док гордо пљука у микрофонот

0

Демонстрантите на синоќешпниот протест пред Собранието, против вакцинацијата и новите мерки, докторите ги карактеризираа како ув ијци, а пак, новинарите за нив се платеници.




За нив, вакцините се експериментална инјекција. Повикаа на организација на платформа, односно да се формира здружение кое ќе покрене судски постапки, а да се продолжи и со протести.




„Дали некој им кажува дека докторот не е виновен? Дали знаеме дека докторите мораат да следат протокол за лечење за ковид? За да бидат изземени од одговорност! Затоа сите се лечат исто! Дали има благи симптоми, дали има посилни симптоми, дали има бронхопневмонија, протоколот е ковид.




Како го откриваме ковид? Преку тестови кои не служат за дијагноза? Тестот исто има авторизација за итна употреба, дозволата истекува на 31.12 оваа година. Центарот за контрола и превенција на болести во САД веќе повика новите добавувачи на итните тестови да се потрудат да измислат тестови кои ќе прават разлика помеѓу грипот и ковидот. Дали се разбираме што тоа значи?“, рече присутната која не се претстави.




„Каде се докторите?“, праша присутна по што другите извикуваа: „Тие не се доктори, Ув ијци, увијци. Уа!“.

Исвиркани беа и новинарите: „Платеници, платеници, платени новинари“.




„Драги медиуми, каде сте? Драги медиуми, ако ние како родители, како здружение за заштита на човекови права, успеавме за овие две години да ги најдеме сите докази за оваа така наречена пандемија, како не успеавте вие?




Медиуми, почнете веднаш да истражувате. Видете ги коментарите, народот се разбуди“, рече таа.

По давањето на вакви паушални информации и своевидно заведување на толпата, осуди пристигнаа од сите страни. Доктор Владимир Чадиковски на Твитер напиша:




„Зошто протести пред Влада и Собрание , по соодветно е пред болниците со болни од Ковид..може ќе ги убедат дека не се болни!!! Огромна поддршка за сите колеги кои се бориме против овој вирус ,кој ни го промени животот!!! Разбирам и подржувам став,мислење,но ова е срамота!!“




Осуда на ваквите говори стигна и од луѓе кои важат за истомисленици со антиваксерите. Една од нив е Миа Костова:

„Не бе не, ќе праи протест против ковид мерки и присилна вакцинација ќе земе да се дере у микрофон и да колне доктори, сече маски пошо тешко се палат и апелира да се напраи една оргија док се сите собрани да видиме шо ни може корона. Не бе неее, ќе се преселам на Марс.




80 посто од тие што беа на протест не делат мислење со тие со микрофоните. Ја би ја чукнала по глаа да се рестартира док гордо пљука у микрофонот. Штета… а баш мислев дека бар некад нешто ќе профункционира. Нејсе, со среќа нови мерки, се глеаме на клупи у парк“

Претходна статијаШабан Шаулиќ последен пат се видел со оваа пејачка, еве кои зборови ѝ ги кажал и таа уште си ги повторува
Следна статијаСузе Гавазова фати последен воз пред новите мерки, ечи „Бум бум“, невестата на столче, сватовите „еден врз друг“ (ФОТО)