Миа Костова: Моето дете вонредно ќе си учи

0

Како што е познато, Владата зодлучи од септември наставата да започне со физичко присуство.




Сојузот на средношколците денеска одржа состанок со министерката за образование и наука Мила Царовска, на кој ја поздравија одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство.




Тие го споделија заедничкиот став со министерството дека отворањето на училиштата под здравствени протоколи е најдобра опција за сите ученици, објави МЕТА.

„Задоволни сме од донесената одлука, бидејќи ние и минатата учебна година се залагавме училиштата да останат отворени.




Се надеваме дека сите заеднички со почитување на мерките за заштита и протоколите ќе придонесеме за настава во училишни клупи колку што е можно подолго“, изјави Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколците.




Министерката Царовска истакна дека учениците се еден од најважните партнери на МОН во креирањето на образовните политики, но и мерките за заштита. Апелираше средношколците, наставниот кадар и раководствата на училиштата доследно да ги почитуваат овие мерки и да придонесат до сопственото и до здравјето на најблиските.




„Навистина ми е драго што ќе имаме можност новата учебна година да ја започнеме со физичко присуство, бидејќи ние сме земја којашто најдолго ги држеше училиштата затворени поради пандемијата со Ковид-19.

Главниот координативен кризен штаб оцени дека се создадени услови за настава со физичко присуство, за што вчера и Владата донесе одлука“, истакна Царовска.




По предлог на МОН, а со одобрување на Комисијата за заразни болести беше одлучено од 1 септември сите ученици од прво до деветто одделение во основните и учениците во средните училишта да се вратат во училишните клупи.

Претходно, министерството информираше дека досега е вакциниран над 60 отсто од наставниот кадар.




На оваа одлука негативно реагираа многу родители кои се плашат своите деца да ги пуштат на училиште кога има толку заразени.

Миа не ја поддржува одлуката на МОН учениците од први септември да тргнат на настава со физичко присуsтво.




Таа на Фесјбук напиша дека досега за се наоѓа начин и ако треба синот Андрија и вонредно ќе заврши училиште.

-Меѓу другото, или онлајн или вонредно ќе си учи. Пошо кафичите се средени со сертификати и ќе биде попара ускоро, на 1000 заразени син ми со маска 8 саата во училница во ганц ново школо кое не е климатизирано во септември на 50 степени. Не“




Претходна статијаЗошто никогаш нема да се мажам за наш човек: Писмо на девојка која живее во Австрија ги здрма социјалните мрежи
Следна статијаУбавата Емина Јаховиќ на мака за пари, а живее во луксузна вила