Мери Јордановска: Апсолутно сум ЗА имунизација, но тоа не значи дека ќе се клањам пред секоја владина одлука

0

Новинарката Мери Јордановска, во својот нов Фејсбук статус објасни што мисли за новите владини мерки:




-Кога ќе стигне соопштение од Влада, прво треба психофизичка припрема, и тоа сериозна.

1. Одлучија дека до 30 луѓе е ок да бидат во угостителски објекти, без разлика вакцинирани или невакцинирани. Над 30, само вакцинирани (како го планираа ова, немам појма).




2. По недела дена тоа падна во вода, строго само вакцинирани и прележани до 45 дена (од кај најдоа 45 дена, никој не знае) можат да влегуваат во кафичи и во молови. 3. На затворено – забранети секакви настани.




4. Стигнавме до 32 поч-инати дневно. Тие вечерва одлучија дека може и настани на затворено до 30 посто од капацитетот, само за вакцинирани со 2 дози, вакцинирани со една доза и прележани до 45 дена.

Е сега, или мојот IQ отишол во минус, или некој нека даде соодветно објаснување:
– Нели со една доза не бевме доволно заштитени, нели ни велевте дека со една доза треба најмногу да внимаваме.




Како сега наеднаш лице со една примена доза е помала опасност од лице, кое на пример, пред 60 дена го прележало вирусот и има антитела, посебно во затворен простор?




– Во првиот дел од денешното соопштение на Владата се вели: „Дозволена работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот“.




Во вториот дел: „Останува забраната за одржување свадби, родендени и други приватни прослави во затворените делови на угостителските објекти“.
Само јас тука гледам контрадикторност?




Значи као со другарки можам да седнам во затворениот дел од кафичот, ама ако запееме Happy birthday, ќе не избркаат надвор? Или ако видат дека некој носи поклон, ќе речат „аааа, ова е веќе прослава, sorry“.




И за крај, нели и вакцинираните можат да го шират вирусот? Чуму тогаш дозвола за настани во затворени објекти, токму сега?

И не, не сум антивак-сер, апсолутно сум ЗА вакцинација, но тоа не значи дека ќе се клањам пред секоја владина одлука.




Ако сум се одлучила да се вакцинирам, тоа не значи дека ми е одземено правото да се сомневам во компетенцијата на оние кои ги носат одлуките во наше име.

Претходна статијаБјелогрлиќ на слобода, раскажа што навистина се случило
Следна статијаКатарина Ивановска слави роденден и ја запеа најпознатата кафанска песна (ФОТО)