Маж ми ми кажа 3 збора и буквално занемев – му се јавив на професорот по англиски и се вратив на стариот живот

0

Кога се зедовме со маж ми, тој имаше 42 години, а јас 36 години. Можете да си замислите, радоста на моите родители беше најголема, зашто почнаа да губат надеж дека некогаш ќе се омажам.




На возраст како нашата и двајцата сме самосвесни, еманципирани луѓе, измудрени со искуство и веќе изграден став за животот. И двајцата имаме многу поминато во животот и знаеме што сакаме.

На почетокот од бракот бев доста еуфорична, а потоа постепено и незабележливо, започнав премногу да се занесувам со новиот статус и со уредувањето на новото семејно гнездо. И така, почнав да правам една глупост по друга…




Најпрво се откажав од аеробикот и курсот по англиски јазик, затоа што немав доволно време за обврските по дома. Го запознавав светот на домаќинлукот, па моите претходни хобија ги заменив за печење мафини, чистење теписи, рибање на тоалетот..




Дури, почнав да ги шијам и прекривките, ги собирав најдобрите рецепти за слава, ги пеглав чаршавите од двете страни за да бидат перфектно мазни, а исто така, ги совладав и правењето на фондан и декупаж.




Почнав да слабеам, го изгубив и темпераментот, а сè само за да бидам најдобра љyбовница и сопруга, себеси си се претставив како жртва. Се сеќавам на тој ден. Беше сабота во ноември, почна да врне дожд.




Надвор сè беше сиво, беше толку темно што во кујната морав да запалам светло. Тој седеше во трпезаријата и пиеше млеко, но не можев да не забележам дека ме гледа бесно.

Јас сечкав зеленчук и месо, почнав да му спремам јадење. Трипати ми рече дека не сака да му правам јадење ниту сендвич, дека планира само да се напие млеко и толку. Бидејќи продолжив и натаму да инсистирам дека му е потребен сендвич, стана и одеднаш ми го извлече ножот од рака и го фрли во мијалникот.




„Слушај жено, не мора да ме служиш. Секоја вечер подготвуваш вечера од три јадења, ги стерилизираш шолјите, го рибаш тоалетот… Ние не сме си pобови еден на друг. Јас не сум ти сè на тебе, дуку дел од твојот живот.




За среќа, се сретнавме, си се најдовме, се вљубивме и најдовме заеднички јазик. Се здомивме, си најдовме место каде на обајцата ни е добро. Сето останато е твој живот. Затоа немој моите интереси да ги ставаш во прв план, туку грижи се за сопствените интереси.




Нема потреба да бидеш подобра или полоша, само остани си своја, каква што си беше кога те запознав. Онаа која ја сакам најмногу во светот, полна со ентузијазам и желба за живот. А овие месеци само гледаш во мене и почнуваш да се претвораш во сенка“.




Ја фрли чашата во мијалникот и замина во теретана. Останав без текст, буквално со отворена уста. Се обидов да го „сварам“ она што тукушто го слушнав. Си ги голтнав солзите, го оставив лебот и му се јавив на професорот по англиски јазик. Повторно му се вратив на учењето.




Од тој момент не сум повеќе домаќинка, мајстор за декупаж, одличен готвач… Не служам, не се обидувам да угодам, не му докажувам никому ништо. Од тогаш си се вратив на старатa јас и повторно сум среќна. А и тој така изгледа, среќен. Е сега, не знам што ќе се случи ако успеам да забременам и добиеме бебе…




Претходна статијаМинистерот Филипче откри колкав е процентот на имунизирани, кои завршиле во болница
Следна статијаВладимир: НЕ МОЖЕ ВИЕ ДА МИ ГО ОДРЕДИТЕ ДВИЖЕЊЕТО, тоа може по дома кај вас и на вашите деца