Министерот Филипче откри колкав е процентот на имунизирани, кои завршиле во болница

0

Главните дијалози на противниците на имунизацијата, се дека ете, имало многу случаи кога целосно вакцинирани луѓе се заразувале и завршувале во болница.




Тоа не е ништо ново и никој никогаш не тврдел дека вакцина може да заштити сто проценти, како што впрочем е случај со било кој лек. Но, заштитата која ја даваат вакцините е огромна.

Тоа пред неколку денови, најдобро го опиша младиот д-р Харис Бабачиќ, кој работи на Каролинска институтот во Шведска:




„…Во поглед на случајот на вакциниран човек кој се заразил и поч инал од КОВИД-19 што доведе до некаква паника во јавноста, чувствувам потреба да појаснам што всушност високата ефикасност на вакцините во спречување смртен исход од КОВИД-19 значи…




Не познавам процедура која гарантира апсолутна (100%) заштита од некоја болест или упокојување во било кое поле, па ни во медицината. Така е и со вакцините. Како што претходно имам пишувано, студиите за процена на ефикасност можат да проценат дека некоја вакцина е 100% ефикасна во даден експериментален дизајн,




но во реалноста, најчесто се случува да вистинската ефикасност на ниво на популација (која ја нарекуваме ефективност) е неколку проценти пониска. Па така на пример првично проценета ефикасност, во реалноста може да варира од рецимо 93% до 99.99% (илустративен пример). Што тоа значи?




Најупростено, 99% ефикасност во спречување на упокојување од КОВИД-19 би значело дека ако од 100,000 невакцинирани би ни поч инале 1,000 луѓе, од 100,000 вакцинирани ќе ни поч инат 10 луѓе, доколку се заразат.




Така да не значи дека нема никогаш повеќе да видиме луѓе да поч инуваат од КОВИД-19 доколку сите ги вакцинираме. Ќе гледаме, но разликата ќе биде ОГРОМНА споредбено со тоа ако не сме ги вакцинирале луѓето.




Разликата е огромна и ако таа ефикасност е на пример 90% – во дадениот пример, тоа се 900 спасени животи на 100,000 вакцинирани. Се надевам дека ова ќе ги разреши дилемите во јавноста доколку имало некакви забуни. Вакцините делуваат“, напиша д-р Бабачиќ.




Денес и министерот за здравство, д-р Венко Филипче, кажа дека во последните седум дена бројот на хоспитализирани пациенти е 150, а од нив под 10% се пациенти кои се целосно вакцинирани, но дека нивната состојба е добра.




„Од вкупниот број на примени пациенти, кој што е некаде околу 150, и е значајно е зголемен во изминатите 7 дена, под 10% се пациенти кои се целосно вакцинирани, и тоа пациенти во релативно добра здравствена состојба.




Од тука доаѓаме до делот на вакцините. Делта сојот е доминантен, за тој сој е научно потврдено дека за 60-70% побрзо се шири за разлика од Алфа сојот, и детектирана е поголема количина на вирусот.




Дали таа поголема количина ќе придонесе за потешка слика на ковид, се уште не е истражено“, рече Филипче.

Претходна статијаД-р Нико Беќаровски одлучи да ја напушти групата во која се разменуваа искуства за вирусот
Следна статијаМаж ми ми кажа 3 збора и буквално занемев – му се јавив на професорот по англиски и се вратив на стариот живот