Љубов создава блажена насмевка, светлина во зениците и газење по облаците. Се појавува ненадејно, строго, без план и стратегија“, порача во една своја објава Маријана Новачевска, познатата пејачка која сега работи на Стоматологија, и повеќе од 30 години живее во Австралија.
– Постојат луѓе кои не играат, како другите што ќе им свираат.
Тие не се сечии, било кои и безнадежни.
Толерантни се, свои, храбри и не се плашат од предизвиците на животот, понекогаш тврдоглави а некој би кажал чудни, малку уд рени и надмени.
Тие луѓе се сепак мали а големи , необични и упорно свои. Е , баш тие луѓе не ја бркаат среќата затоа што среќата се тие самите“, рече Маријана, сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска во друга објава.
– Ние две сме исти, слични, но и различни. Можеби чудно звучи но така е. Јас секогаш сум била помирна, попедантна за се, а таа попалава во секој поглед. Инаку јас сум постара 15 минути.
Јас повеќе сакав и се трудев да помагам на мама, а таа секогаш се извлекуваше со изговор дека има за учење, хахаха. Но, во душата и за ред други размислувања сме исти. Таа отсекогаш била вицкастата, а јас сериозната.
Јас животот би го дала за неа без размислување, но длабоко знам дека и таа истото би го направила за мене. Никогаш не сме се карале ниту пак сме имале потреба од тоа.
Клучот на успехот на Маријана и Росана е нашиот талент за добро пеење, интересноста како близначки, и прекрасните песни- евергрини напишани од рацете на еден од најдобрите, ако не и најдобар композитор Тоде Новачевски“, рече во Женски магазин Росана за својата сестра.
Инаку, композиторот Тоде Нивачевски, поранешниот сопруг на Маријана, неодамна откри дека е болен, за што отворено прозборе во svet-australia.com
Од една страшна инфекција добиена заедно со грип и после недобро направена дијагноза, за неколку месеци стигнав до внатрешно кр в-ар ење, и до метас-тази кои ме раздрмаа и физички и психички до максимум.
Сепак, засега барем низ оваа моја последна животна епизода поминувам како да ми е почеток на еден нов, поубав и посреќен период, иако сум свесен дека е многу можно да не доживеам подлабока старост…“, изјави Новачевски.
Маријана и Тоде се баба и дедо на малата Ива која неодамна наполни една година, а компизторот кој ги напиша најубавите песни за Маријана и Росана, во истото интервју зборува и за внуката, но и свршувачката на ќерката.
-Токму во најтешкиот период на животот, ми стигнаа и најубави вести, најпрво за моето мало дедино срцуле Ива, ќерка на синот Филип и снаата Анастасиа, па веридбата на моето големо срцуле, ќерката Магдалена и Ерик.
-За мојот однос со децата би можел да зборувам со денови, но за оваа прилика би сакал само да напомеам дека си ги сакам најмногу на свет, а во исто време сум и преблагодарен на Маријана што не дозволи нашата разделба и развод негативно да влијаат на мојата врска со нив“, изјави Тоде за својата поранешна сопруга со која е во добри односи.
Маријана на Фејсбук сподели слика, облечена во спортска облека, како го користи зимското сонце во Мелбурн. Оваа жена изгледа дека не старее, изгледа исто како и кога со Росана пееше на фестивалите, секоја чест!
Таа во една прилика откри и зошто: Денеска го искористивме сонцето и убав ден да пешачиме малку. 7 километри, не е лошо“, рече Маријана.