Маријана не може да си ја гушне внуката – покажа како комуницираат (ФОТО)

0

Познато е дека долги години, во Мелбурн, Австралија живее Маријана, сестрата на Росана Сариќ- Тодоровска, потоачно сестрта близначка.




Маријана Новачевска ми натата година токму на големиот празник Велигден стана баба. Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски.




Маријана која со семејството долги години живее во Мелбурн, Австралија, работи како стоматолог и се повлече од јавноста и од музиката.

За убавата вест, на својот Фејсбук профил, прва објави Росана.

„Добив внуче од внук ми Филип на Маријана. Таа е пресреќна, ова е прво. Се роди баш на Велигден. Малку е лудило ситуацијата, но тоа е што е. Мој Филип, мој внук мое злато и душа, стана првпат татко а снаата Анастасиа првпат мајка.




Среќни сме сите, пресреќни, со солзи на лицето и со грутка во душата што не сум таму. Добро ни дојде наша принцезо, наша Ива“, изјави Росана за Женски магазин.

Сестрите близначки чии песни „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, станаа евергрини се немаат видено од предминатото лето кога Маријана која долги години живее во Австралија беше во Скопје.




Росана на својата сестра ѝ ја посвети песната „Спомени“ на ланскиот „Макфест“. Оваа песна чиј автори се Александар Митевски и Бобан Василевски беше враќање на Росана на фестивалската сцена по десет години пауза.




Придружните вокали на студиската снимка ги испеа токму Маријана. „Маријана е исплашена за нас, а јас сум исплашена за неа“, вели Росана Сариќ- Тодоровска за својата сестра со која редовно се слуша.




„Оваа година нема да може да дојде во Скопје. Не само поради состојбата со вирусот, туку затоа што за прв пат ќе стане баба од синот. Многу се радувам за неа“, сподели Росана убава вест за семејството минтата година.




Според она што ѝ го пренесува Маријана во разговорите, состојбата во Австралија како што вели Росана е стр -ашна како и кај нас.

-Сите луѓе се многу исплашени, и тоа како се придржуваат на препораките и се во страв, за тоа како целата состојба ќе се одвива од ден за ден“, раскажа Росана во истиот медиум




Поради новите мерки во Австралија и катантинот кој се воведе повторно, Маријана не може да ја види и да се дружи со својата внука Ева, па објави слика како се гледаат на видео повик.




„Таа до објавата напиша: Моја Ева, моја душичка, толку блиску и толку далеку. Да се надеваме за подобра иднина, за нормален живот со гушкања и бакнежи.
Барем си направивме бебешки муабет онлајн.’

Претходна статијаЕве кој ќе го наследи богатството на Кемиш, за тоа одлучува Зорица Брунцлик
Следна статијаКристина со романтична посвета за сопругот- ти си мојата сродна душа (ФОТО)