Кристина со романтична посвета за сопругот- ти си мојата сродна душа (ФОТО)

0

Познатата пејачка Кристина Арнаудова во скоро време ќе ја гледаме и како ТВ водител и автор на ТВ проект. Кристина Арнаудова во февруари годинава започна да го снима „Проект куќа со Кристина“, со цел социјално загрозените семејства да добијат комплетно реновиран дом.




– Пробувам да се фокусирам на среќата. Да мислам на тоа дека ние им ја создаваме среќата, и да не размислувам за лошите нешта. Затоа сакам да работам со деца, и затоа „Проект Среќа“ се бави со среќата на децата.




Ја оставаме несреќата позади нас, и гледаме што можеме да промениме за да животот им добие нов, друг, среќен тек. Јас најмногу се бавам со организација на проектите. Комуникацијата со корисниците во Проект Среќа е должност на Благица Ристов.




Таа е онаа која ги слуша сите нивни приказни , ги знае напамет, ги плаче, и потоа ми пренесува како може да им помогнеме, па јас наоѓам начин како да се помогне.

Мора човек да има заштитен механизам , затоа што во спротивно, во хуманитарната работа, нема да издржип предолго, ќе пукнеш брзо, ќе прегориш, ако сите маки и проблеми на луѓето ги носиш дома, со себе“, изјзваи Кристина за Женски магазин.




Бавењето со хуманитарна работа луѓето ги менува. Ги прави благодарни. Нема поубаво нешто од тоа да си благодарен. За се. За храната, кровот, среќата, децата здравјето.




Им советувам на сите, ако сакаат да бидат среќни и благодарни а повеќето го имаат заборавено тоа, еднаш гдишно да одат да посетуваат болни деца на клиника, и да им помагаат, и еднаш годишно да волонтираат кај сиромашни семејства.




Тогаш ќе сфатат колку се благословени и ќе живеат многу посреќен живот. Јас сум благодарна многу, благословена со сè, и фала му на Господ за тоа. Немам големи желби, само да сме насмеани и здрави. Сè друго е минливо и не толку значајно“; додаде таа.




– Најдобриот совет… „Можеш да имаш сè, но ако љубов немаш, ништо не си“ е одличен совет. „Можеш сè што сакаш, треба само вистински да сакаш и да работиш на тоа“. „Мислата е материја“, тоа е совет од книга која ја промени мојата целосна перцепција за нештата.




Низ животот има разни нешта кои ме инспирирале и можеби ми ги отвориле очите во одреден момент. Она дека „здравјето е најважно“ дефинитивно не е само клише. На помладата верзија од себеси би ѝ порачала да не се грижи толку, затоа што сè ќе биде во ред“, рече Кристина во интервју за „Црно-бело“.




Нејзиниот сопруг Александар Петровски, денес слави роденден а Кристина му го честиташе со овие зборови:Среќен роденден на љубовта на мојот живот. Ти благодарам што си моја сродна душа, што те најдов и што се имаме еден со друг.




Биди среќен секој ден, те сакам бескрајно“, напиша пејачката на сторито на Инста.

Претходна статијаМаријана не може да си ја гушне внуката – покажа како комуницираат (ФОТО)
Следна статијаХарис Џиновиќ сликан каков што не го знаеме, никој не може да го познае (ФОТО)