Лила најави дека ќе се мажи во август, се спрема ли за свадба?

0

За својата работа која многу ја сака, за телевизијата на која опстојува повеќе од 20 години, Лила филиповска зборуваше во едно интервју за hybrid.mk




-Сите луѓе треба да ја работат својата работа одговорно и морално, за да ја задржат професионалноста. Ова што го работам мене ми е многу природно.

Јас воопшто немам ритуал или начин на кој јас сега ќе бидам професионална и успешна. Едноставно така функционирам и тоа е мојот начин на работа.

Тоа е во мојата природа и карактер што е навистина голема предност. Не сум човек кој има работа што го фрустрира. Мене работата ми е задоволство.




Како што банкарите работат во банка, касиерката во супермаркет, така и јас ја работам мојата работа професионално. Како што тие мораат да ја завршат работата и да пријават промет на крајот од денот, така правам и јас со мојата работа.

Одговорам за сработеното пред очите на јавноста. Тоа значи дека помеѓу моето водителство и телевизиската работа и која било друга професија, апсолутно не постои разлика, ако пристапот е професионален.




Мојот најголем комплимент сите овие години не е врзан за изгледот, дали сум добра водителка, дали сум пријатна со публиката, туку впечатокот на останатиот свет дека сум професионална и дека сум човек од збор, стигнувам на време, мразам доцнење, го почитувам туѓото, но и своето време.




Тоа значи дека мене сите овие години што поминаа, точно 23 како сум пред тв екраните, интензивно работам и повеќе или помалку секоја година имам проект.

Кога почнуваш некој проект, со оглед на тоа дека зад мене се 10-тина, секој од нив беше различен. Проектот секогаш зависи од гледаноста, што претставува навистина голем товар да почнеш и да одработиш нешто и да знаеш дека мора да биде гледано.




Сосема е нормално во оваа работа, ако емисијата не е гледана да биде укината. Кога ќе направиш име во работата како што направив јас, стоиш зад некој проект, навистина е голем предизвик, да излезеш, да го износиш, да го направиш, тој да биде гледан или пак да биде погледан од претходниот.




Тоа е природата на нештата, тоа што следува да биде поуспешно“, изјави Лила за Хибрид.

Таа неодамна му се врати на пеењето, тоест сними дует со Филип Пешевски. Песната се вика „Тешко мене без тебе“ а беше промовирана со гала забава во еден клуб во Скопје.




Кога Лила пред неколку месеци беше гостинка во емисијата „Магазин“, за неа зборуваше нејзиниот пријател и ПР Спасе Јовановски, кој е сега ТВ презентер во „Сител“, и раскажа како почнало нивното пријателство, пред 15 години, но раскажа и каква е Лила кога се лути.




-Лила кога е нервозна…, во принцип таа има голем праг на толеранција. А кога некој ќе ја изнервира, едноставно го трга од нејзиниот живот. Кога е нервозна, само тргни се од неа на некои си 5 минути, а после може пак да се смееме“, рече пријателот за Лила.




За крај Спасе рече: Јас не би ја прашал Лила ништо, туку екслузивно за Сител ќе откријам дека во август не очекува свадба!

На ова Лила се насмевна и искоментира: Па, изглеа некој ме запросил преку Спасе. Слушај, Јелена, свадба без оро и без музика не бива, кога ќе поминат мерките, ве канам сите.

-Јас за третпат, ако некој се прелаже да ме земе, зошто да не. Веројатно преку Спасе идат сите мои доворувачи, меѓутоа јас ќе кажам да, не се вели не ако некој ти понуди брак“.




Еве, дојде август а од свадбата на Лила ни трага ни глас. Се прашуваме дали тајно се подготвува и ќе не изненади сите со слика во венчаница или со прстен на раката, или сепак ќе почека некои подобри времиња.

Претходна статијаПознатата водителка откри: Не сум голем фан на Виз ер, ама на Халкидики не одам
Следна статијаТуристи се жалат, вака никогаш не било во Грција – во соба температурата е повисока отколку надвор