Фахрета Јахиќ Живојиновиќ, попозната како Лепа Брена, е една од најпознатите југословенски пејачки. Родена е на 20 октомври 1960 година во Тузла. Порасна во Брчко, а таткото Абид и мајката Ифета и пружија скромно и безгрижно детство.
Лепа Брена има сестра Факета и брат Фарук. И таа неодамна објави заеднички фотографии на социјалната мрежа Инстаграм со брат ѝ . Брена има најмногу сличности со нејзиниот брат Фарук, со кого ја дели страста кон музиката.
Фарук Јахиќ се занимава со пеење, а неодамна се појави во шоу програма каде зборуваше за врската со Брена, и истакна дека не му пречи што не ја доживеал славата како што беше пред неколку децении.
“Отсекогаш сум бил голема поддршка за неа, како постар брат. Нема ништо лошо во тоа да останам во сенка на сестра ми”, рече тој во емисијата.
„Свирам хармоника, пеам … Моментално работам одговорна работа која е тесно поврзана со музиката, се занимавам со продукција“, додаде Фарук.
Сестрата на Брена, Факрета, живее во Канада со сопругот Зоран и ќерките веќе две децении.
“Откако знам за себе, нашата мајка прекрасно пееше севдалинки. Меѓутоа, Факрета започна да пее пред мене, потоа мојот брат Фарук го стори тоа, а потоа јас под влијание на наставникот по музика почнав.
Бев хиперактивно дете, така што моите не насочуваа мене, брат ми и сестра ми на спортски активности, а ние всушност најмногу уживавме во пеењето во хорот.
Пораснавме слушајќи музика од фестивали како Илиџа, фестивалот Опатија, Белградска пролет”, рече Брена за Стори на една прилика.
Брена е исклучително блиска со својата сестра, па често се слушаат, иако, бидејќи живеат на различни континенти, не се гледаат често. Брена сега сподели фотографија од своојата сакана сестра Факета, на нејзиниот Фејсбук профил.
Инаку, многумина коментираа колку изгледаат неверојатно слично Брена и нејзината постара сестра, двете имаат речиси идентична насмевка, меѓутоа, кога станува збор за стилот на облекување, може да се каже дека има голема разлика.
Имено, додека Факета има поскромен стил, Брена, со оглед дека е јавна личност, има специјални парчиња облека што ги носи.
Факета денес има две ќерки, а таа и нејзиниот сопруг Зоран веќе две децении живеат во Канада. И сестрата на Лепа Брена пее фантастично. Сликата е инаку од Будва, каде што се и двете на летување.