Катарина Ивановска слави роденден и ја запеа најпознатата кафанска песна (ФОТО)

0

Катарина Ивановска е наш успешен модел, кај нас и во светот, но таа е и посветена мајка на Кира и на Вања. Во едно интервју за Слободен печат, Катарина за своето семејство изјави:




– Дисциплината со која живеам од дете ми помогна и во обврските со децата да воведам дневна рутина. Во првите 5 месеци по породувањето, не прифаќав ангажмани и тоа е период кога едноставно не сакав да се одвојувам од децата.




Кира е многу мала за да е свесна за промените, а на Вања моравме да му ги објасниме новонастанатите околности. Голем дел поминуваме во природа, а тоа за децата е, сепак, и најзабавно и најздраво“, рече таа на почетокот од пандемијата.




Знаете, кога имате среќа во оваа професија да бидете одбрани за работа во неа, тоа значи дека имате нешто што им треба. Не мислам дека само убавината беше пресудна за нив, она што сите го забележаа е вродениот талент за оваа работа и мојот професионален пристап.




Имав среќа да бидам во тој момент она што на високата мода ѝ треба. Тоа би бил комплетниот одговор“, е коменгтарот на Катарина за Слободен печат за нејзиниот успех.




Манекенството е животна определба ако вашиот потенцијал е огромен. Денес сведочиме за многу вработени манекенки и над педесеттата година.

Она што следува потоа е да уживам во плодовите од мојата работа и да создадам некаква активност што ќе ме исполнува.




Искрено, филантропските и хуманитарните иницијативи за мене се најубавиот дел од мојата јавна појава кај нас. Јас имам многу среќа и сакам да бидам ангажирана нашата земја да биде среќно, здраво и просперитетно општество“, додава Катарина.




Катарина Ивановска во интервју за „Бекстејџ“ откри во какви односи е со Перо Антиќ. Имено, на прашањето дали се во врска, манекенката одговори потврдно и потенцираше дека се заедно.




„Среќни сме заедно“, со насмевка на лицето призна манекенката. Освен што зборуваше за односот со екс кошаркарот, исто така откри и како и на кој начин ја одржува формата.

Кажа и дека синот Вања и ќерката Кира и го промениле животот во целост, па додаде дека мајчинството е најважната, но и најубава улога за неа.




Катарина денес слави роденден, а во едно стори на Инста покажа и како. Во ресторан, со музика во живо, пријатл ја има снимено како ја пее „Ја те пјесмом зовем“, а тоа е една од најпопларните кафеански песни од Силвана Аремнулиќ. Нека е среќен и весел роденденот!

Претходна статијаМери Јордановска: Апсолутно сум ЗА имунизација, но тоа не значи дека ќе се клањам пред секоја владина одлука
Следна статијаСоња и Јохан ги изненадија пријателите со оваа промена (ФОТО)