Каролина никогаш не изгледала поубаво, еве ја причината за нејзината среќа (ФОТО)

Каролина Гочева, како пејачка која нераскинливата врска со музиката ја започнала уште од мали нозе.




Tаа со богато искуство го нижи секој музички ѓердан од хитови и континуирано се надминува себеси, поставувајќи притоа високи стандарди на современата македонска сцена.




Албумите „Македонско девојче“ (1 и 2) се неоспорливи докази дека Каролина умее мајсторски да танцува со гласот во различни музички правци, а резултатот секогаш да е феноменален“, објави Фемина.мк во една прилика.

Во интервјуото за истиот медиум, Каролина збборуваше за многу нешта, а меѓудругото изјави:




-Не сум многу послушна кога се совети од други во прашање, подобра сум кога давам совети. Но, еден од ретките совети кои сум ги послушала и настојувам да ги применам е секогаш да си ја следам интуицијата.




Искрено, што поради природата на мојата професија, што поради поднебјето каде живееме, толку многу глупости сум се изнаслушала, така што веќе воопшто и не ги регистрирам, ниту ги памтам, а искрено повеќе не ме ни вознемируваат“, рече Каролина на прашањето кои се најапсурдните гласин и кои ги чула за себе.




Потоа таа ги откри петте факти за неа кои обожавателите не ги знаат.

– Повеќе од 5 се, секако, но еве ги првите 5 кои ми паѓаат на памет: Правам најдобри три врсти на шпагети.




Знам многу добро да имитирам (но само во кругот на најблиските и кога сум добро расположена).

Многу зборувам додека гледам филмови, а тоа ги нервира тие кои со мене гледаат во моментот.




Најмногу сакам да јадам навечер, особено ако сум излегла во град, тоа ми е најслаткото јадење.

Правам најдобри 3 врсти на шпагети, ама стварно се најдобри!
И не можам да се сетам на 5-ти факт“, изјави Каролина.




Потоа ја прашаа: Што за тебе е совршена среќа, а таа одговори: – Нешто кое приближно постои само кога сме деца, само штета што во тој момент не сме свесни за тоа.

Каролина имаше настапи на манифестацијата Културно лето во Карпош и во Куманово, а од сликите каде што е тип-топ дотерана се пофали на Фејсбук и напиша:




Преубава атмосфера и преубави луѓе. вака си поминавме завчера на #coolтурнолето на платото на “Млечен”.

Каролина никогаш не изгледала поубаво, а настапите се сигурно причината за нејзината среќа која и се гледа на лицето.