Хелена Роза, сестрата на пејачакта Ребека е една од нашите најпознати водителки. Таа пред седум години се пресели на Нов Зеланд.
Со сопругот Игор и ќерката Кјара решија да си ја побараат среќата таму затоа што тука, вели таа, се нашла во ситуација да прави сè за да преживее.
Потоа, тие го добија и синчето Тијан и велат дека се среќни во новиот дом. Хелена за „Репортер“ ја откри својата приказна.
„Се најдов во небрано. Се затвори телевизијата „А1“ и останав без работа. Отворив фирма, но и тоа не се покажа како добра идеја. Сепак, имав 38 години и сфатив дека морам да направам нешто и да се снајдам“, раскажува Хелена. Кога донеле цврста одлука да заминат за Нов Зеланд, со сопругот Игор биле свесни дека на почетокот нема да биде лесно.
„Собравме финансии и се преселивме на Нов Зеланд. Ќерка ми Кјара дојде по шест месеци. Бргу се навикнавме, иако не беше лесно додека да застанеме на нозе“, искрена е Хелена.
„Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, и речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно. Како голем гурман, ги сакам разните видови на кујни од сите делови на светот.
Луѓето се многу позитивни, насмеани, и ако погледнеш некого подолго од две секунди ти се насмевнува и те поздравува.
Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година и што има дрес код на облекување“, има изјавено Хелена за Жеснки магазин.
Таа додава дека од дома и фалат само блиските луѓе и ништо повеќе. „Маркијан најмногу недостасува.
Многу бев среќна и возбудена кога го видов кога бев во Скопје. На моменти посакувам да си го земам со нас во Нов Зеланд. Доротеј и Макариј, иако се гледаме на интернет секојдневно, ми беа многу пораснати.“, вели Хелена за нејзините внуци, близнаците на Ребека.
Во истото интервју, Хелена коментираше како ѝ изгледа Македонија две години откако не била дома.
– Секогаш сум имала доста поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе кои што живеат овде, затоа и најверојатно си заминав, бидејќи не можев да се пронајдам по толку време во едно општество како нашето.
За жал ,ништо не е сменето за овие две години, и поради тоа ми е многу жал, светла точка не гледам. Се е некако заспано. Толку многу зависно од политичките случувања што боли кога гледаш и слушаш.
Тоа што ме паметат по мојата атрактивност, не може да ми пречи, напротив, ми годи. Ако сум сакала да биде поинаку најверојатно не би ги правела тие фотографии.
Проблемот е што доколку си атрактивна, по дифолт ти се одзема правото да бидеш и паметна, и некако се друго од твојот труд паѓа во вода. За жал во Македонија атрактивноста е сериозна мана“, раскажа водителката.
Таа денес полни 44 години, и сподели една интересна слика, во долна облека на која објави дека ѝ е роденден. Секоја чест, Хелена изгледа одлично како и секогаш и по лицето ѝ се гледа дека е среќна и исполнета.