Живкица Каленикова, позната како Жилe e dobro познато лице на ТВ екраните долги години.
![]()
![]()
![]()
![]()
Таа својата кариера ја започна во Македонската радио телевизија каде што го “печеше” новинарскиот занает.
Години потоа, Живкица стана една од нашите најдобри ТВ новинари. Нејзина карактеристика е брзото зборување и течната мисла.




Таа има водено безброј музички емисии и има интервјуирано многу познати личности од разни области. Живкица се има покажано и како добар коментатор на Евровизија. Таа потоа почна да ја води емисијата Тунел која разработуваше социјални теми.




Нејзини соговорници таму беа стручни лица и обични луѓе, кои си имаат мака за споделување, а со тоа можат да им помогнат и на другите.
Живкица е сега сопруга на Зоран Калеников, познат македонски бизнисмен, кој е дел од авто индустријата. Неговата компанија, која е семеен бизнис, со години наназад е увозник на познати брендови автомобили.




Каленикова е мајка на три деца, Даријан, Марко и Ана. Во интервју за Фешнел, таа одговори на прашањето на што ја научило мајчинството.
– На максимална посветеност, одговорност, трпеливост, неизмерна и безусловна љубов, секојдневна инспирација, мала исцрпеност, но и на неверојатна моќ и сила да бидете полни со енергија тогаш кога ќе помислите дека сте преуморени“, рече Живкица.




-Навистина е сериозен предизвик и повторно ќе кажам, среќна сум што сум си сама себе работодавач и што проектот „Тунел“ оди преку мојата продукција „No Limits“, а тоа ми дава слобода да си го организирам времето како што ми одговара.




Пред сѐ во полза на семејството и децата кои секогаш ќе имаат предност, но исто така не дозволувам работата да трпи. Со добра организација мислам дека ако човек сака, може да постигне сѐ, и секако да има листа на приоритети како не би дошло до фрустрации“, изјави таа додека го водеше проектот “Тунел“.
![]()
![]()
![]()
![]()
Живкица е исто така одлична домаќинка и своите гастрономски вештини ги споделува со пријателите на социјалните мрежи. За неа, семејството многу значи.
За жал, семејството на Живкица не е веќе комлетно. Од овој свет си замина нејзината мајка, која Жиле ја испрати со овие зборови:




„Убавице моја, летај високо , светол да ти е патот . Ти беше светлина , љубов и душа широка како ничија друга Дел си од мене засекогаш, дел од мене замина со тебе. Ми недостасуваш до болка. Те сакам до небото и назад Суки моја.





























