Голема среќа и радост за Блага Петреска (ФОТО)

0

Иако сите ја знаеме како весела, позитивна и насемеана, животот на Блага Петреска не бил секогаш мазен и весел.




Низ годините, таа се соочувала со тешки животни предизвици за кои многу ретко зборувала во јавноста. Била многу млада кога си заминал нејзиниот сопруг и никогаш повторно не се омажила.

– Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца затоа што тие многу го сакаа татка си.




Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет.. Така и бидна“, изјави Блага во едно интервју.




Кога Блага Петерска пее, нема кој не може да се развесели, а со години наназад се слушаат нејзините хитови: Ти ме предаде, Пеам да не заплачам, Чувај ме, Песната може се.




Блага завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје.

Но, освен за песна, за Блага се знае и дека е талентирана актерка. Ја играла насловната улога во драмата „Коштана“ и тоа заедно со Петре Прличко.




Првите снимки како изведувач ги направила со оркестарот на Кочо Петровски. За РТБ, а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи снимила голем број плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестари и групи.

Таа е горда мајка и горда баба, а во една прилика зборуваше и за своето семејство.




Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор Олег Контраденко, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија која сега е права Македонка, Ана Кондраденко. Ќерката и зетот исто така среќни живеат во странство.

Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала“, има изјавено Блага во едно интервју за Свет Австралија.




Минатата година, Блага освои награда на фестивалот „Еврофест“. Блага доби награда Гран При. Таа испеа песна која според многумина е автобиографска и се вика „Свени ми, свени Невене“. Но, освен Гран При, Блага ја наградија и за најдобрта интерпретација.




Блага сега заслужено освои уште една награда која ѝ донесе многу голема радост. Станува збор за фестивалот за народни песни со шегобијна содржина „Тумба фест“ во Куманово.




Таму Блага ја доби наградата животно дело, и на Фејсбук им се зблагодари на организаторите за укажаната чест.

Претходна статијаКој беше Лане Гутовиќ приватно, имаше две вонбрачни деца и една ќерка од бракот со жената чиешто име никогаш во јавност не го изговори
Следна статијаТијана ја покажа мајка си, еве на кого личи (ФОТО)