Еве што му посака Сања на шеф Марк од „Брза кујна“ за роденден

0

На сите ни е добро познат Марк Де Јонг, готвачот од шоуото „Брза кујна“, кој заедно со Никола и со Сања приготвува сепцијалитет секој ден на ТВ Сител.




– Пред три години Марк Де Јонг дојде во Македонија за да го исполни аманетот од баба му која пред да си замине од овој свет го замолила барем еднаш да дојде и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка.




Дојде и остана решен тука да изгради нов живот, од почеток. Набрзо стана препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата готвачи-виртуози во телевизиското шоу „Брза кујна“ кое оди на ТВ „Сител“, заедно со неговиот колега и другар Никола Мишковски.




Член е и еден од основачите (заедно со Адријана Алачки, во функција на претседател и Љупчо Гиевски, потпретседател на Асоцијацијата ) на Националната асоцијација на готвачи на Македонија, која е примена во Светската асоцијација“, објави Сител за Марк кој има македонски корени.




– Дедо ми во 1958 година доаѓа во Брисел, а по земјотресот во Скопје, во 1963 година, доаѓа и остатокот од семејството, баба ми, мајка ми, тетка ми и вујко ми. Тие никогаш повеќе не се вратиле назад, но пред три години, заедно со вујко ми, кој дојде во Скопје првпат по 50 години, јас првпат стапнав на македонско тло.




Јазикот го научив од баба ми и од дедо ми, кои истовремено ја всадија во мене и љубовта кон оваа земја. Уште од првиот момент кога стапнав во Македонија се чувствував како во своја земја.

Целиот живот, до 45-тата година го поминав во Белгија, а од 15 години работам и заработувам, почнувајќи од најниската позиција па се до шеф и сега сакам своето знаење и искуство да им ги пренесам на моите помлади колеги во Македонија, на сите кои се интересираат за готвење и да покажам дека во Македонија сите јадења имаат поубав вкус затоа што тука можат да се најдат најубавите и најсвежи продукти, прекрасно овошје и зеленчук какви што нема никаде во светот“, ја почнува приказната за својот живот Марк Де Јонг за „Сител“.




– Дојдов во Македонија зашто на баба ми и ветив дека еден ден ќе се вратам тука. Мајка ми остави овде дел од животот и не сака да се врати, татко ми, кој беше Белгиец, е починат, а јас мојата огромна љубов за Македонија им ја должам на моите баба и дедо.




Благодарение на нив, израснав со приказните за Македонија и со мирисот на македонската храна. Баба ми Магда готвеше македонска храна и целата куќа мирисаше на лук, особено кога ми правеше летна манџа со пиперки и домати.




Тој мирис е незаборавен за мене, исто како и вкусот кој моите непца се уште го паметат. Токму тоа сакав да го почувствувам пак кога дојдов овде. Го исполнив аманетот на баба ми, и не само што дојдов да ја посетам Македонија, туку имам намера и да останам овде.




Ова го одлучив кога дојдов тука втор пат, тогаш заедно со син ми Мајкл со кој направивме мала турнеја низ Македонија, таа моја навистина чудесна земја. Ме маѓепса мене, а мислам дека нешто слично се случи и со мојот син, кој наскоро ќе ми се придружи.




Тој тргна по моите стапки и со готвењето и ја засака оваа земја и животот во неа па во текот на овие три години доаѓа многу често. И тој, како и ќерка ми, се многу горди поради тоа што за кратко време станав препознатлив за луѓето кои постојано ми приоѓаат секаде кадешто одам, на пазар, на улица, во ресторан…, раскажува Марк.




Тој прослави роденден и многу пријатели му честитаа а меѓу нив е и Сања Савеска, водителката на Брза кујна која му посака: Пефе, од срце ти посакувам најсреќен роденден, да си жив и здрав, многу љубов и убави моменти со фамилијата, уште безброј успеси професионално и убави дружби во нашето шоу“, напиша Сања.

Инаку „Брза кујна“ вече започна со снимање на новата сезона.

Претходна статијаЧола направи нешто неочекувано за ќерка си Уна (ФОТО)
Следна статијаПреку глава ми е веќе и од Шведска и од Германија, тешко ми е, три месеци не сум ги видел децата