Емотивна посвета за внуката, Сузана Спасовска раскажа интимна приказна (ФОТО)

0

Познатата наша фолк пејачка Сузана Спасова секогаш плени со својот глас и стил, со години наназад. Таа лани стана баба, таа го доби своето прво внуче од ќерка си Теона.




Триесети септември е денот на љубовта за православните христијани. Празникот е посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж. Во 2019 година, пејачката ја омажи ќерката.




Во скопски ресторан, нејзината ќерка Теона направи веселба за свадбата со партнерот Виктор Велковски, кој ја запроси во јануари годинава. Фолк-пејачката вели дека ова е нејзин животен проект, а според објавените фотографии на социјалните мрежи, била главна на свадбената веселба.




Во светкав долг фустан, Спасовска играше и пееше на свадбата на ќерка си Теона. Среќната баба на својот фејсбук профил ја објави нејзината песна „Среќо мајкина“ и со песна ја сподели радосната вест и напиша:




„Дар Божји за родителите и радост голема! На 30ти Септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, благословена, среќна, насмеана и распеана. Ти благодарам Боже!“.




Во деведесеттите години на минатиот век сите зборуваа за ексцентричноста во облекувањето по која беше препознатлива. Таа беше Лејди Гага на своето време, иако тогаш многумина ја етикетираа како кралица на невкусот.

Познатата пејачка Сузана Спасовска немаше обичај да им реплицира на критичарите. Нејзиниот одговор тогаш, но и сега е дека едноставно чекорела побрзо од другите.




– Можеби е нескромно, но морам да кажам дека сѐ што се случуваше ново на сцената, интересно, поинакво и чудно го донесов јас. Бев прва во сите стилски лудории. Во тој период немаше стилисти како сега што ги има на секој чекор.

Периките и уметоците во сите можни бои ги носев јас, а повеќето ги набавив директно од театарот во Сиднеј.




Ми текнува на првите леќи за очи во лила боја, трајна шминка, чевли со висока платформа и огромни потпетици, високите чизми над колена, мини здолништа, шорцеви и корсети – раскажа познатата пејачка во едно интервју, објави Женски магазиб.




Сузана ѝ посвети песна на своја мила внука, и тоа на голем празник Голема Богородица. Таа оваа песна ја испеа на фестивал и на Фејсбук напиша:

-За многу години Голема Богородица! На убав ден, празничен ви ја подарувам мојата нова песна изведена сношти на Лешочкиот Фолк Фест 2021!




Подарок за мојата Клара, и за сите среќни бабички и нивните внучиња“, рече Сузе. Песната за внуката оди вака:

-Очиња ко сонциња, секој ден ме гледаат, нежни меки рачиња, гушкаат, милуваат. Бабо, бабо, бабо, радост имаш бабо.




Внуче да си галиш, душа да си подмладиш. Здраво да е весело, среќно да ми биде, спокојно д аградиме, в бабини да спие. Баба ќе му запее, сонот сладок да му е“.

Претходна статијаМу викам на Баже, таа нит ќе те пере нит боранија ќе ти прави
Следна статијаЕлена- Живот со стил го покажа прстенот на плажа (ФОТО)