Дац: Ако не ми оди со пишувањето, ми оди со бакнувањето

0

Дуети помеѓу пејач и актер имало повеќе и во регионот и низ светот, но најголема улога во нашата спојка одигра нашето другарство, наоѓањето „на иста бранова должина“ и истиот уметнички пристап кон љубовта и музиката“, изјавија во Локанлно.мк Александар Митевски и Драган Спасов-Дац.




Дуото составено од актер и музичар е актуелно во последвиве две години и веќе има своја армија обожаватели.„ Ние и двајцата сме луѓе со кариери и со багаж зад себе и кај нас ништо не е случајно и преку ноќ направено.




Народот од прва ја препозна и ја засака оваа наша ретро, ала кабаретска прикаска во која има љубов, поезија, музика, глума, хумор и позитива – како нешто ново и несекојдневно на нашата естрада.

– Во „Антички театар“ направивме концерт или „евергрин вечер“ и дружење со нас, нашите песни и песните на сите генерации. И тоа беше навистина уникатно чувство, кога имаш спроти себе армија на луѓе наоружана со љубов и гладна за музика и поезија.




Се беше организирано според протоколи и „под конец“ од страна на Дарко Желе Манасијевски и продукцијата и би сакале конечно да дојде период кога повторно ќе можеме така да застанеме пред нашата публика.

Ние од првиот момент се придржувавме на прописите и протоколите, апелиравме и го искористивме нашето медиумско влијание за заштита и носење маски.




Не ги оставивме фановите ниту еден момент и секој ден бевме ОНЛАЈН со нив, преку песни, кавери, спотови и емисии. Тоа беше еден вентил за полесно да се проаѓа годината, и за нас и за нив“, рекоа тие во истото интервју и додадоа:

„Љубовниот пасош“ е една наша идеја која се роди во карантинот кога сите граници беа затворени и сите беа заклучани во своите држави.




Решивме музички да патуваме низ регионот и да ги отпееме познатите љубовни песни на сите тие јазици, со што пративме позитивна енергија, љубов и сочувство во пандемијата, како и добрососедство.




Пеевме на влашки, српско-хрватски, италијански, француски, грчки, турски… Така дојдовме до една посериозна соработка со бугарскиот гудачки квартет со кои случајно се запознавме и се договоривме дека треба да ја снимиме таа песна заедно – тие да свират, ние да пееме. Додека политичарите кажуваа НЕ, ние сите заедно кажавме – ДА, за љубовта“




Познато е дека Дац е голем романтичар и на Фејсбук често знае да напише статус посветен на сопругата Весна. Дац објави статус кој е поврзан со неговата сакана сопруга. Тоа е всушност песна која тој се обидел да ѝ ја напише, а вели вака:




Сакав вечерва, да ти ја напишам, Најубавата песна, Што ја умеам.

Не ми оди. Ми фалат зборови, се изгубија по патот на твојата љубов.

Некои се изгубија на усните. Некои на вратот, на градите останаа некои, на стомакот, на изворот, на нозете.




Па си велам, ако не ми оди со пишувањето, ми оди со бакнувањето.

Претходна статијаМиа Костова: Фала на љубовта што ме води низ сѐ она за што немам храброст ако не ме турне, моја Т.
Следна статијаКатерина: Шефот се закани дека ќе ми даде отказ, само затоа што настинав и му реков дека нема да дојдам на работа