Познатиот пејач Здравко Чолиќ (70) направи нешто на последниот настап што воодушеви многумина. На концертот даде сe од себе за публиката да ужива, како што секогаш се случува кога станува збор за него.
Во една прилика, тој раскажа за тоа како станал пејач.
-Рекреативно ретко играм фудбал, рекреацијата сега ми е врзана повеќе за некое трчање, пливање, прошетка. Она што ми останало во сеќавање се малите турнири, градската фудбалска лига во мал фудбал во Сараево која беше многу темпераментна, ажурна и страстна.
Таму бевме членови на фудбалскиот клуб „Грбавица 1“. Јас бев на голот, а фудбалерите беа многу познати играчи на „Жељо“ од Сараево или познати играчи, за тие натпревари често раскажувам.
Кога татко ми ми ја купи гитарата од далечен роднина кој ги изработуваше, кај нас дома, на наговарање на татко ми, три пати во неделата кај нас дома доаѓаше чичко Иван Бариќ, мојот професор по ноти и по гитара. Тој беше Далматинец кој првиот ја забележа мојата енергија.
Беше тоа постојана борба помеѓу фудбалот и свирењето гитара, додека, во еден момент, кога требаше да се игра важен натпревар, јас ги оставив ракавиците и заминав кај чичко Иван на час по гитара“, раскажа најголемата балканска поп-ѕвезда.
Тој исто така кажа каков родител е е на своите ќерки Уна Звездана и Лара.
– Ќерките се добро, во период сме на училишни обврски, со кои сопругата повеќе се занимава отколку јас. Тинејџерки се, но ограничувањата мора да се знаат. Јас сум малку попопустлив, но жената е секогаш столб на куќата, така било некогаш, така ќе биде и сега.
Не сум строг родител и тоа ми е единствен проблем. Денеска средината повеќе влијае на децата и младината отколку на домот. Ако сега поставите исправна граница, еден ден децата ќе ви бидат благодарни“, раскажа Здравко за своето семејство.
Во 2001 година, тој се ожени со Александра, која е професорка по географија.
„ Се запознавме одамна, во Макарска. Александра студираше во Белград, продолживме да се гледаме, а подоцна започнавме и врска. Таа ме освои со својата едноставност и приврзаност“, изјави Здравко за сопругата.
На концертот, во неколку наврати, тој и пријде на својата ќерка Унa Чолиќ (19), која е позната по провокативните фотографии на Инстаграм и објавите од лудиот ноќен живот, а овие негови потези предизвикаа голем број коментари на социјалните мрежи.
Тој ѝ запеа на увце додека таа со ентузијазам споделуваше се во јавноста, преку својот профил на Инстаграм.