Водителката Елена се врати од одмор како нова личност, еве зошто (ФОТО)

0

Убавата водителка Елена Стојановска, која е со години омилена кај гледачите, во едно интервју изјави: Верувам во тоа дека човек мора да работи на себе, во секој домен. Јас сум „бубалица“. Таква бев и на училиште, таква сум и во професијата.




Не се потпирам на случајност. Но, кога се трудиш, кога работиш мислам и дека тоа не може да помине незабележано. Вистински луѓе ќе го препознаат и тука веќе се случува магијата“, рече Елена.




Таа е ќерка на Илина и сопруга на Огнен, а за својата ќерка Елена изјави: Кога првпат ја видов, се помирив дека физички не личи на мене. Ниту на татко и. Илина е своја и гледајќи ја мислам дека е совршена божја креација.




Искрено, посакувам само да е здрава. Карактерно би ми било доволно ако научи да ги почитува луѓето но поради вистинските вредности“, рече Елена. Во интервју за Фешенел, таа зборуваше за модата:

Модата има значајно место во мојот живот. Вага сум во хороскоп, па вистина ги сакам убавите нешта.




Се обидувам да бидам убаво облечена во склад со пригодата, обожавам да гледам ревии, документарни филмови за големите креатори, знам да забележам промена кај луѓето. Мислам дека сево ова е доказ, зарем не?

Радиото дозволува комфор во многу нешта за разлика од телевизијата, па и во облеката.




Но, јас сум доследна на себе. Не се шминкам за на радио, но изборот на гардероба е пристоен и во согласност со тоа како се чувствувам, некогаш знам и многу да се дотерам“, рече Елена.




Елена Стојановска од утринската програма на ТВ Сител, кариерата ја започна на 16 години во саботната радио емисија „Наши графити “на Втора програма Македонско радио. Таму остана до 2016 .

-Имав мали паузи но дефинитивно Сити радио беше моја најголема и најдолга радио приказна.




На телевизија почнав на 18 години со емисијата 100% на А1 телевизија, а еве сега речиси дваесет години подоцна ги будам гледачите на Сител во утринската „Ја сакам Македонија“. Имав и мали прекини, но сепак вака во бројки е прилично долг период.

Радиото дозволува комфор и ви дозволува да бидете вие, без никакви маски од шминка, внимателно седење, внимавање на гестикулацијата. Некогаш и тешко беше да се одвојат едниот од другиот медиум, но радиото мене ми помагаше за говорот на телевизија.




Радиото направи да имам брза течна мисла, да се снаоѓам во повеќе ситуации. Телевизијата пак си има свои придобивки, присутноста на тв екраните е фантастична промоција за некој што решил да се занимава со оваа работа“, изјави таа во интервју за Убава.мк




Како што веќе пишуваше Галама, Елена беше на одмор, и тоа на Крибите, од каде што сите нејзини пријатели и следбеници знаеше да ги почасти со топ фотки во костим за капење и убав егзотичен пејсаж.

Без ич шминка, таа опуштено позираше на плажа, низ град, на лулашка, насекаде. Сега, Елена се врати од одмор и се појави во една реклама на која се гледа колку е поцрнета, а тенот кажива колку убаво се одморила.

Претходна статијаФросина го коментираше Сашо Тасевски: Жал ми е за жена му, ама сама си го барала
Следна статијаФилипче раскажа за жената која беше имунизирана во тракторска приколка