Во Грција се појавија медузи, не се влегува во море (ФОТО)

0

Ако денеска се упатите кон Грција или Србија, ќе чекате на граница. На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за влез и излез од земјата е од 30 до 45 минути. Но, постои можност за зголемување во наредните часови.




На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира Авто мото сојузот на Македонија.




Пред неколку дена исто имаше мал застој на овие гранични премини поради зголемениот проток на возила и патници во екот на годишните одмори.

Силно невреме пред неколку дена ја зафати Босна и Херцеговина, а поедини сообраќајници во Сараево, особено подвозницие, биле потопени.




Невремето проследено со обилни дождови и ветер им создало проблеми на возачите, пренесува порталот Кликс. Според податоците на метеоролозите, врнежи во БиХ се очекуваат и овие денови. За целата земја беше издаден жолт метеоларм.




Невремето ја погоди и нашата земја. Дождот во одредени интервали во денот врне речиси цела недела, а на плажата „Оревче“ во Градиште се случи и немил настан. Удри гром во непосредна близина на плажата, при што имаше и пов редени летувалци.




Невремето не ја одмина ниту Грција, каде што има многу наши туристи кои го поминуваат својот летен одмор на популарните дестинации кај нашиот јужен сосед.

Наш читател пред четири дена ни испрати видео и фотографии од Ситонија, вториот крак на Халкидики, каде како што вели тој, се споија небо и земја!




-Утрово ништо не навестуваше ваков развој на настаните. Беше сончево и се подготвувавме да одиме на плажа.

Се наоѓаме на вториот крак, некаде помеѓу Торони и Сарти. Одеднаш, за само неколку минути се смрачи, како да се споија небо и земја и започна да врне силен дожд.




Друг наш читател раскажува дека завчера имало земјотрес со послаб интензитет, а најверојатно како резултат на истиот се појавиле по големи бранови но и медузи, кои се невообичаени за овој дел од летото:




-Вчера и денес, буквално не се влегува во море! Вакво нешто до сега немам видено. Се наоѓам на вториот крак, но со пријатели кои се на првиот ми кажаа дека и таму ги имало. Илјадници по мали и по големи медузи се насукани на самиот брег. Едноставно не можеш да ги избегнеш, распоредени се на неколку сантиметри.




Два дена седиме на плажа и не влегуваме, бидејќи имаме слушнато дека испуштаат некаква течност која може да те испече. Особено сме изненадени, бидејќи најчесто медузите се појавуваат кон крајот на август и почетокот на септември.




Меѓутоа, најверојатно силните бранови кои преовладуваа изминатите два дена, ги имаат донесено близу морскиот брег.

Претходна статијаАпасиев: Барајте си ги правата и не потклекнувајте ни милиметар пред неправдите кои секојдневно ви ги носи Животот
Следна статијаДа му се земе лиценцата и да оди зад решетки – ова за д-р Несторовиќ го бараат негови колеги