Ване ја раскажа својата животна приказна: Човек кој бил газен, млатен, човек со чија гордост бришеле под

0

Ване Маркоски е познато Тв лице долги години. До пред неколку месеци тој беше дел од тимот на Канал 5, а сега е во Македонската телевизија, во утринската програма.




Тој е активен и на радио програма долги години, а во моментот е на Македоското радио 2, во истата Тв куќа каде што е ангажиран. Во интервју за Хаштаг, тој раскажа за своите почетоци како новинар и водител.

-Искрено тоа беше многу одамна. Колку што добро ме држи сеќавањето, ќе пробам да ја навратам приказната, малку ќе биде подолга, но е интересна. Почеток на декември 2002 година и како што листав по TB каналите дома, налетав на еден оглас за водители во локалната телевизија „Кисс“ од Тетово, бидејќи по потекло сум од таму и таму живеат моите родители се` уште.




На тој оглас се бараа млади кретивци за нови емисии. Веднаш се пријавив и по некој ден заминав на аудиција. Носев некои светли фармерки и небесно син дуксер, а надвор растопен снег, вода на секој чекор…

Тргнав пешки, бидејќи немав пари за такси и како што веќе се приближував до просториите на телевизијата, наиде еден камион и ме направи целиот со кал. Но, влегов таму, ми дадоа да прочитам некои најави, прв пат застанав пред камера во мојот живот и помина се брзо.




Не ми се јавија и јас веќе тоа го заборавив се до самиот ден 31 декември, кога заминав да ја скратам косата и во салонот каде бев случајно улета екипа од самата телевизија која нешто снимаше за новата година.

Новинарката ме препозна и ми кажа дека не можеле да ме најдат затоа што не сум оставил број, затоа што сакав брзо да киднам од таму, најверојатно. Ми соопшти дека сум избран за да бидам дел од нивниот тим.




И така од сосем случајна средба, тој ден, мене ми се промени животот. Можеби да не се случеше тоа, денеска ќе работев нешто друго. Веќе следниот месец од новата година почнаа емисии, проекти и.т.н.“, изјави Маркоски.

Ване пред неколку години имаше сериозни здравствени проблеми, и оттога, а и пред тоа како што има изјавено, тој живее здраво, спортува и здраво се храни. Во интервју за Панацеа.мк тој зборуваше за проблемите со здравјето.




-Имав сериозни проблеми со мојот црн дроб. И тоа заради навидум „ситница“ спечалена во детсвото во родното Тетово, на стоматолот, поради нестерилизирани инструменти.

Ситуација се искомлицира и заврши така како што заврши, а на моот црн дроб му требаше итна регенерација и многу одмор за да закрепне.

Цедам сокови, не појам алкохол, купечки сокови, многу малку јадам благо, спијам по осум часа, вежбањето ми се разликува од претходното, односно сега вежбам за здравје, не за убаво тело.




Откако излегов од боилница прво се соочив со нашата малограѓанштина. Откако сфатив колку ошо да имаш болен ум и да се ситиш на туѓа мака, решив повеќе да се сакам и ценам себеси“, изјави Ване.

Тој објави слика од Водно со својот велосипед, а под неа, како да ја раскажа својата животна приказна.




– Некои луѓе не ја научија лекцијата дека на човек-сонувач, човек кој чекори низ животот потпирајќи се на својата интуиција, храброст, пркос, на својата верба од дете, борец, кој бил газен, млатен, човек со чија гордост бришеле под, кој се кревал од пепел многу пати, кој поминал озборувања, лицемерие, сопки, карактери и простотилок, кој терал напред сам, без никој, не му може ништо ниту еден лош збор, лоша енергија, интрига, лицемерие

… Оставете ги и “плукнете” им во карактерот. Смејте им се во фаца. Кармата работи, ако не за нив, за некој кој им значи.




Колку повеќе штетат, толку полошо, не за вас, туку за нив и тие што им значат. Живеј го својот живот, а туѓиот остави го на тие што немаат свој. Бидете борци“, напиша Ване.

Претходна статијаСе огласи Кунгуловски од клиниката на Жан Митрев – објави дека и кај нив е лоциран делта сојот и укажа како да се заштитиме
Следна статијаБојана Родиќ и Мирко во Белград како на егзотичен остров, во куќата си направија базен и засадија банани (ФОТО)