Крајот на љубовната прикзна на Роберт Орданоски кој е поранешен директор на АЕК и на Агнеса Орданоска, која е сега Органџиева и по седум месеци, уште е интересна тема на социјалните мержи и во медиумите.
Секое чудо за три дена, велат, а ова нивно чудо уште трае., иако поминаа месеци. Орданоски прво на Фејсбук објави дека Агнеса одненадеш решила да го остави, а таа преку медиуми му одговири дека брачните проблеми не се решаваат на Фејсбук.
Орданоски во едно интервју изјави дека нејзината одлука да стават крај на бракот се случила одеднаш, и сè до тој „Кобен“ 10 јануари било сè во ред. Тој за ММС.мк изјави дека на колена би ја молел Агнеса да му се врати.
Секојдневни третмани на фризери, козметичари, итн, секојдневно фотографирање и постирање фотографии со цел добивање лајкови и нејзина глорификација, мене ми изгледаат погрешни за здравјето и функционирањето на едно семејство, уште повеќе што јас сум скромен човек и ги учам моите ќерки да бидат такви.
Секогаш било битно семејството да биде заедно на ручек, на вечера, тоа се обидував да биде пракса и во моето семејство. Сепак, поради обврските на Агнеса секој ден после работа да оди во салон за убавина, семејниот ручек се сведуваше на мене и ќерките, кои се центарот на мојот свет.
Сепак, преминував преку тоа, за да задржам мир во семејството. Се до денот недела, 10 јануари, кога ме викна да разговараме: „Решив да се разведам, оладена сум, децата ќе бидат со мене, ти ќе ги гледаш кога сакаш“, изјави Орданоски за Женски магазин.
„Штом го оставам, нешто има. Нешто дома не е во ред. Затоа решив. Кога веќе ја вмеша јавноста и јавносрта виде што кажа за мене, тогаш еве нека сфати јавноста со каков човек сум имала работа.
Цело време трпев само поради децата, но сега пораснаа. Додека сум млада сакам да бидам сама и да се посветам на кариерата.
Премногу сум воспитана. Јас сум дете од Скопје. Се фали со семејството, но ако е до тоа, еве моето е уште појако“, изјави Агнеса за ммс и одговори на провокациите на Роберт.
Агнеса на Инстаграм сега има повеќе од 40 илајди следачи, чиј број секојдневно се зголемува. Едноставно, покрај тоа што е убава, жената привлекува и со нејзината харизма.
Агнеса во едно интервју за Женски магазин зборуваше како се негува:
– Дневниот козметички ритуал ми започнува во 06-30 часот наутро. Често после будење сите изгледаме поуморни, но некогаш мора да посветиме повеќе внимание на вечерната нега ако сакаме да блеснеме со својот изглед наутро.
Во вечерниот ритуал вклучувам неколку чекори почнувајќи со ексфолијација, тоа ми е најдобар начин да ги исфрлам мртвите клетки од лицето, потоа нанесувам ноќна крема и серум за лице.
Наутро веќе лицето ми е свежо и нанесувам само дневна крема, шминка која подразбира пудра, сенка за очи, римел, руменило, маскара и розов мат кармин.
Агнеса деновиве објави фотографија на која рекламира производи. Очигледно е дека има нов „занает“, професија – инфлуенсерство.
Органџиева се приклучи во семејството на многу жени во светот и неколку кај нас, кои од својата убавина, преку рекламирање на прозиводи, успеваат да заработуваат добри пари преку социјалните мрежи.