Трифун Костовски предизвика солзи кај Верица – по 13 години и после многу повици, тој ја посети во нејзиниот дом

0

Бизнисменот и добротвор Трифун Костовски, ги доживува можеби најтешките мигови во својот живот, по настаните со неговата банка Еуростандард. Но токму во овие моменти, многу луѓе на кои им помогнал, одлучија да споделат со јавноста, колку сето тоа било безусловно од негова страна.

Еден од најсилните исповеди, беше оној на пијанистката Хајди Елзесер. Таа во една прилика, меѓудругото напиша:

„…Во тој период во животот во клучни моменти ја консултирав за совети книгата „И Чинг“ од Тао Те Кинг. Книгата која најчесто советува пасивност и трпение сега ми рече:

„Ако ти е важно тоа што го сакаш сега, реагирај веднаш“. И јас му пишав на Г-нот Трифун Костовски дали би можел да ги финансира моите пет месеци студиски престој во Париз.

Следниот ден, беше 27.01. 1995, кога се вратив во студентскиот дом во кој живеев (на островчето Сен Луис, во срцето на Париз) видов веднаш едно пусулче во моето поштенско фахче.

Немаше никој освен жената која работеше на портирница. Белото пусулче беше факс порака напишана лично од Г-нот Костовски. Во него стоеше дека потребната сума за завршување на моите студии во Париз е веќе префрлена на мојата сметка во банка. 
Само претпоставете како се чувствував.

Мојата реакција беше многу повеќе од тоа!!! Како милиони огномети да сакаа да испукаат од моите гради од радост и среќа!!! Му бев бескрајно благодарна и нему, и на Бога за тоа чудо.

Голема помош имав од препораките на драгата, за жал прерано почината, Елена Мисиркова која во тој период живееше во Виена и секако професорот Валери Стефановски кому му бев исто така многу благодарна.

Така започна мојот контакт со Г-н Костовски и неговото семејство кои лично ги запознав истата таа година но дури кон крајот на годината, сосема случајно, на еден прием на ФМУ, каде што почнав да работам во Септември 1995 година како помлад асистент.

Семејството Костовски подоцна финансираше уште една година студиски престој во Париз и потоа уште цели пост-дипломски студии во Детмолд, Германија, како и мојот прв соло компакт диск…“

Трифун Костовски денес, на својот профил на социјалните мрежи, објави видео од посетата на Верица и нејзиниот син, луѓе кои биле во тешка ситуација, а тој им помогнал кога бил Градоначалник на Скопје.

-Госпоѓата Верица и нејзиниот син Стојанчо Георгиевски ги запознав за време на мојот мандат како градоначалник на Град Скопје.

Ме замолија да им помогнам да си го затворат живеалиштето, бидејќи се работи за мајка и син со посебни потреби.

Мојот другар и тогашен Генерален секретар на Град Скопје Љубиша Георгиевски го испратив да се запознае со актуелната состојба на куќата во Општина Илинден.

Од кога ја посети, се врати и неговите зборови беа „живеат во услови неподносливи за обичните луѓе“. Веднаш дадов налог да се преземат градежни работи и да нејзината куќа се донесе во фаза на подносливо живеалиште.

Ова семејство живее на работ на егзистенција и чувствував морална обврска да го помагам со сè она што на тие луѓе им значи живот, храна, огрев, лекови.

После 13 години на толку големи покани од страна на Верица да ја посетам, ја посетивме заедно со мојот тим и средбата беше толку емотивна што на сите нам присутните ни потекоа солзи радосници во коишто сите ние нешто добивме.

Госпоѓата Вера и синот Стојанчо добија каква-таква егзистенција и кров над глава, а јас ја добив најголемата сатисфакција во животот дека сум помогнал на право место и во право време, напиша Костовски на својот профил.

Претходна статијаЌерката на Гоца Тржан кажа што мисли за нејзиниот втор маж
Следна статијаУбавата Агнеса има нов „занает“ – покажа дека ќе биде многу добра во тоа (ФОТО)