Тргнав на настап со мокра коса, по папучи – нашата позната новинарка раскажа необична приказна

0

Новинарката Валентина Ѓорѓиевсска- Парго пред неколку месеци даде свое мислење во врска со случајот на колешката, фоторепортерката Арбнора Мемети и раскажа своја приказна која е поврзана со работниот однос на новинарите.

– Случајот со фотографката ме потсети дека кај Велија потпишувавме договори за работа, без да смееме да видиме што потпишуваме.

Еднаш кога реков “дај да прочитам шо е ова” ми рекоа лути “ти сакаш да работиш овде или сакаш да ја фатиш вратата?”. Копија немавме. Така што, сега, иако работев со решение кај Велија, од таму не ми е регистриран ни еден ден, а немам копија за да докажам.

Затоа, кога си дадов отказ, а прво не сакаа да ми го прифатат, ќе сум се вратела немало кај да одам да работам (туууфф) , јас буквално од мај до септември не заспав од мислење, што ли имам потпишано.

За среќа па таму беше село беа кучиња, во септември од Завод кога си го зедов отказното решение дури и ме имаа испофалено во причината за отказот.

(но не ми кажаа дека ми се следуваат пари од Завод па така неколку непрежалени плати ми пропаднаа) Сево ова ме потсети не на само на нашиов робовла-детелски систем туку и на 4 други битни работи:

-На едно големо лицемерие кое никаде не води, гледајќи дека фотографката од таков договор, сега па (наменски, за свои потреби) ја штитат истите тие уредници што нас не тераат да потпишуваме такви кау бојски договори.

-На едно големо лицемерие што Велија од неправдата на реж -имот го бранеа истите тие што од него избегаа како опожарени, сабајле отидоа на работа, се искараа, до пладне Редакцијата беше празна.

-На фактот дека после искуството со Велија изгубив волја за тимска работа и продолжив фериленс, што не велам дека е полошо, но е подобро од денот да го врвиш со лицемери.

-И на фактот дека се е се уште е како во времето на Велија, а и многу полошо. И дека Велија не го уни штувал новинарството, како што велеа тие , сега е повидливо кој.

За жал, уште има од оние кои ги оправдуваат таквите договори, на штета на својата фела, само затоа што нив (засега) им е убаво и удобно кај што се…

Но, далеку зад мене е сето тоа и сите лицемери кои не ги признавам за ништо повеќе од тоа, и, можам на раат да си се истегнам наутро. БОМ ДИА тегначи“, напиша Валентина на Фејсбук.

Валентина на Фејсбук сподели спомен од денот кога пеела на еден македонски фестивал „Канео фест“. еве ја целата необична случка што ја опиша:

-Ко денеска поточно ко вчера бев многу хепи. Требаше да пеам на “Канео фест” , отидов во Охрид, ама толку ми се спиеше и цел ден од кревет не станав што во 19.45 и реков на другарка ми да се јавам дека не ми е добро.

Но имајќи на ум дека текстописецот не заслужува таков окрш, се истуширав набрзински (косата ми беше мокра и на настапот), нејзиниот дечко не однесе на Плоштад со кола, каа гледам по папучи сум излегла таа ми ги даде терлаците нејзини кои ми беа помали и затоа в место се клатев, да не паднам… фестивалот почнуваше во 20 ч.

Идејата беше да испеам (шеста) и одма да кидниме, иако ми рекоа да седам до наградувањето. Немав сила. Очите ми се лепеа.

Но, што се случи. Само што излегов на “бина” , песната уште непуштена, ја гледам другарка ми право од мене рипа, бодри, а од десно слушам силни женски гласови овации, кои ме следеа за време на цел настап.

Се чудам кои се жените, плус муслиманки со шамии. Пеам, текстот па непара го знам, и во глава паралелно си мислам кои да се, зошто само за мене кренаа галама, да не се платени од некого, што ли ќе биде на крај на песната. ..

Заврши настапот, да речам дури во еуфорија, одам да видам кои се дамиве, испадна туристичка група од Турција и од Полска.

Па се сликавме, како права ѕвезда. тие трепереа од возбуда. многу им сум се бендисала, па ми објаснуваа како сум топ пејачка хахаха, јас им објаснував дека не сум воопшто пејачка.

Не знаеја ниеден јазик, нешто по турско-ресенски им зборев, не можев многу да се истакнам купив само бонбони за да се почестиме, а заслужуваа повеќе, па после и оро ги учев да играат. останавме до крај.

Гран при добив од гласањето на 5 значајни музички мажи, но многу бев горда што за прв пат добив женска поддршка и тоа масовна.

Со “Тајна љубов” ги освоив нив и наградата и подарок бисер охридски. на најмалото девојче со нив и јас му подарив нешто за среќа.“

Претходна статијаБлазеси му на Баже Грујовски со овие две убавици до него (ФОТО)
Следна статијаДенес си замина уште еден познат Скопски лик – нека ти е светол патот Куно