Топење – Цеце од „Телма“ го покажа синот и му упати емотивна порака (ФОТО)

0

Цеце Трајковска порано беше дел од емисијата „Утринска на Телма“, која за жал на многумина веќе не постои. Емитувањето на дружењето со Цеце, Марко, Елена и Гоце заврши во 2019 година.




Утринците лани летото, на Фејсбук објавија дека програмата веќе нема да се емитува, со емотивен статус. „Со најтажно срце поради вас, нас, нашата љубов и конекција која ја создадовме единствено со душа и целосно уживање, мораме да соопштиме.




Најдраги наши пријатели, другари, почитувачи на нашата работа и на сето тоа што го правевме во изминатите 3 години сакаме да ве известиме дека ‘Утринска на Телма’ од септември нема да оди во етерот“, напишаа тие.




Потоа, тимот се раздели на две дела, Цеце и Марко водеа една емисија, а Гоце и Елена друга. Сега, Гоце и Елена се на сосема други работни места, Елена Митева е во Владата, а Гоце Андреевски е портпарол во МВР.

Во Телма се уште е ангажиран Марко Марк, додека пак Цеце се повлече од разбирливи причини, таа очекуваше бебе.




-За мене „Утринска на Телма“ е најубавиот проект на кој сум работела до сега. Иако воопшто не е лесно секојдневно да се реализира емисија од 4 часа со многу, многу гости и различни теми, сепак не би можела да се пожалам бидејќи многу си ја сакам работата и уживам секојдневно и пред и зад камерите кога се прават сценарија и се договараат гости.




Буквално уживам во позитивниот хаос кој се случува многу често. Има безброј предности оваа професија, но сметам дека најголемата придобивка лично за мене е проширениот круг на пријатели, познаници и соработници.

Секогаш сум велела дека контактите во животот се многу важни, никогаш не знаеш што носи денот и кој се би ти излегол во пресрет.




Денес успехот е релативна работа, денес те има – утре те нема. Среќна сум што еве речиси 10 години сум во новинарските води, секој нареден проект ми е подобар од претходниот, работам чесно, не зависам од никој.

Создавам нешто што публиката го сака, а тоа нешто е сработено со многу љубов и искреност. Имам уште многу пред мене, верувам дека успешно ќе се надградувам.“, изјави Цеце во една прилика magnetikfashionblog com




Цеце претходно за „Репортер“ изјави дека нејзиниот сегашен сопруг Столе ја поварал за жена во Охрид, а пред свадбата, таа направи необична моминска вечер. таа со другарките возеше кајак на Матка и се сместија во приватна куќа во која се стигнува само со кајче.

Старосват на свадбата ѝ беше Марко Марк, кој освен што ѝ е колега и е најзин најблизок пријател.




-Името Бодан беше заедничка одлука со сопругот Столе. Некако не освои “од прва”… Уште минатото лето сосема случајно го спомена еден наш пријател и некако почувствував дека тоа е тоа.

Тој период сè уште не го знаевме полот, но знаевме дека ако биде машко ќе биде Бодан.




Потоа се обидувавме да имаме уште некој друг предлог за име, ама ниту едно не ни се допаѓаше толку многу како ова. Така победи Бодан“, раскажа Цеце за тоа како го избрале убавото име за синот во Женски магазин.




Цеце објави слики од својот син и на Инстаграм напиша: Мој, најмој, мојот син, мојата љубов, којата гордост, безусловна љубов, нашиот прв одмор“, рече водителката од Охрид.

Претходна статијаСе појави видеото на кое Ноле во прв момент не и пружи рака на српската Амбасадорка во Лондон
Следна статијаНЕВЕСТА ДОЖИВЕА НЕПРОСТЛИВО НАВРЕДУВАЊЕ НА СВАДБА: Погледнете ја нејзината реакција – некои ја жалат, други велат, тоа е вистинска жена