Пејачката, но и актерка, скопјанката Тијана Дапчевиќ долги години живее во Белград. Таа е сопруга на Милан Дапчевич и мајка на Вук кој има 12 години.
Тијана Дапчевиќ ја помина вонредната состојба како и повеќето – одмараше и се дружеше со своето семејство. Во интервју за Нова.рс, таа ги откри своите планови за иднината, и што мисли за модерната музика „која е во тренд“.
-Копнеев по својата публика и концерти, па затоа работиме напорно да се осигураме дека песната, која долго стоеше „во фиока“, ќе се објави наскоро.
Едвај чекам да го види светлото на денот, бидејќи станува збор за песна на Дејан Ивановиќ, кој на народот му е попознат како човекот кој меѓу другото ја напиша „Несоница“, една од најубавите песни некогаш напишани“, рече Тијана.
За својата совршена линија, таа зборуваше во интервју за Фешнел:
-Кога себеси си дозволувам слобода во исхраната, најмногу уживам во тестенини, пица, погачи… Кога не би биле ризични за мојата телесна тежина, би ги јадела секој ден.
Идеалната телесна тежина која успеав да ја добијам навистина со макотрпна работа, ја одржувам со тренинзи во теретана и тоа три пати во неделата. Работам со личен тренер, не користам никакви справи, освен лента за трчање и тоа ми е најдосаден дел од тренингот.
Приметив дека почнаа да ми се појавуваат брчки во 37-та година од мојот живот, иако немам генетски предиспозиции за тоа, дури и мојата мајка нема брчки.
По консултација со стручно лице, козметолог-фармацевт, почнав да користам рачно изработена крема од природни состојки што фантастично влијае на моето лице.
Еднаш во два месеци посетувам и мезотерапија со минерали, витамини и хијарулонска киселина. Сето тоа ми е доволно да изгледам одморено и свежо“, рече тијана за својот изглед. Во Женски магазоин, таа зборуваше за својот син и за внуците:
-Најмногу ме смеат син ми, Хана и Дарен, со нив е игранка без престанка, особено кога се сите тројца на купче, тоа е пресмешно. Вук ѝ прави „будалаштини“ на Хана, Хана му прави „будалаштини“ на Вук, а Дарен сето тоа го гледа од страна, како Тито и Кардељ ги гледа двајцата.
Како цртан филм му се тие двајца, зашто не можат да се доискажат. Секогаш кога се заедно, тоа се смешки. Од што се еуфорични се пресмешни. И многу сакам да ги гледам така на купче, кога се еуфорични и кога си прават „будалаштини“ едни на други. Кој поголема будала ќе направи од себе, тоа е врвот. Тие се моето богатство и мојата најголема љубов.“
Зборуваше и за тоа дека медиумите постојано ја разведуваат од сопругот Милан.
-Па, знаеш како велат: Кучињата си лаат, караванот си врви или Зад добриот коњ прашина се крева. Што поуспешен си, тоа повеќе непријатели имаш и повеќе луѓе коишто сакаат да ти прават сопки.
Секогаш зборувам дека сум од оние што си гледаат само во својот двор. Сакам да им помагам на луѓето кога се во неволја, така сум воспитана. Не обрнувам многу време на медимумите, кога им е здодевно си пишуваат што сакаат. Сите знаеме што е виситна. Јас маж ми си го сакам, тој мене ме сака, и тоа е тоа.“
Тијана сега одмара во Грција, во местото Сивири и често објавува слики од плажа. На последната, таа е посебно среќна, што пишува во описот на сликата: Среќна жена сивирска.
Изгледа дека морето многу ѝ годи на Ула од Преспав па си затера еден убав и долг одмор кој максимално го користи.