Cрaмoтa: Борче – Донирај компјутер помага на цела Македонија, а мора кредит да земе

0

Малку по малку, Борче Стаменов од Кавадрци коиј од срце донирај конмпјутери на социјално загрозени семејства и за оние што не можат да си ги дозволат, стаса до бројката 900.




Борче има усреќено точно 900 семејства, со помош на донации од пријатели. Кога стаса до бројката 200 тој не планираше дека еден ден ќе има многу повеќе од тоа. тој тогаш ја објави следната статистика: 200 донирани компјутери;

– Ако се земе дека пазарната вредност на овие 200 компјутери комплет со екран, тастатура и глувче е околу 3.000 денари, тогаш е донирана опрема во вредност од околу 600.000 денари;




– Потрошени повеќе од 400 работни часа за средување, што во парична вредност би било околу 250.000 денари;

– За проверка и контрола на исправност се донесени околу 400 компјутери, потрошени се околу 200 работни часа, што во паричен износ би било околу 60.000 денари;

– Потрошен занемарлив износ за плаќање карго онаму каде што имало потреба;




– Отпадот прописно одложуван во Нула отпад за да се заштити околината од електронскиот отпад“, објасни тогаш Борче. Се случува со денови да не може глава да крене од работиа, но тој никогаш не се откажува. Во еден од своите најнови статуси тој вели:

Плус работам помалку ама постигнувам повеќе. Ете, тоа ме научи #ДонирајКомпјутер. Порано сум заглавувал на работа и по сто саати. Тие шо ме знаат, знаат дека буквално сум спиел во канцеларија. Не дека сум бил лош работник, тука затоа шо не сум се организирал исправно.




Сега, точно знам кои се моите обврски на работа и во иницијативата што ја работам. Сум знаел да ветам на 100 души дека ќе завршиме работа и заради тоа да останам повеќе. Јас бев човек кој ако рече дека нешто ќе сработи, истото ќе го заврши па макар тоа го чинело време и нерви.

И сеа сум ист ама разликата е шо последните 5 години од кога ја работам иницијативата сум организиран како “швајцарски саат”. Ако приметам дека немам време доволно, одложувам за утре.




Со тоа и клиентите се позадоволни, а исто и јас. Оваа иницијатива буквално ми го среди животот. Шо викаше еден пријател: ред, рад и дисциплина. На работа во последните 5 години иам останато саат-два плус не повеќе од еднаш или два пати.

Тоа ми даде повеќе време за себе и луѓето околу мене. Веќе и не ми се случува да заборавам нешто. Добро влегувам у кујна коа ми се мо-ча и се чудам шо барам у кујна ама тоа не се рачуна за работна обврска.




Мозокот ми е истрениран да се снаоѓа и во најголем “неред”. Нормално, како што имам напоменато повеќе пати, работните обврски секогаш ги ставам на прво место. Имало случаи кога ќе ме прашаат за нешто кое требало да се сработи до петок, мене да ми е завршено во вторник.

И затоа викам, работам помалку ама постигнувам повеќе. Организација другови, тоа е клучот на успехот“, рече Борче.

Тој инаку работи во компјутерска фирма во Кавадарци. Борче раскажа дека за жал, тој морал да земе кредит за да конкурира за една награда. то9ј ова го објасни на следниов начин:




-Скоро 3 саата потполнував една номинација за награда, каде за добра идеја како нашата на пример се добиват пари кои ни требат нели за да си купиме кола за #ДонирајКомпјутер.

На крај излезе дека треба да штиклирам поле каде потврдуам дека сите членови на тимот, вклучувајќи ме и мене, не се постари од 30 години. Е ништо, че мора кредит да се зима“, објасни Борче на што еден пријател му напиша во коментар:

-Нека ја пополни твоето внуче или некој друг твој ептен близок кој ја има потребната возраст и решен проблем.




Но, Борче кој е чесен човек одговори: Не можам со лаги да добивам нешто. Тоа ми е “маана” голема.

Претходна статијаНајголемата жива сила – еве што се случува во нашето тело, кога пиеме СВЕТА ВОДА
Следна статијаСе огласи Кунгуловски од клиниката на Жан Митрев – објави дека и кај нив е лоциран делта сојот и укажа како да се заштитиме