Спенџарска: Можеби, кога ќе решиш да си заминеш, твојот живот штотуку ќе започне

0

Популарната водителка Јелена Спенџарска, на својот профил на Инстаграм покажа дека освен што се снаоѓа добро во емисиите во живо, ја бива и за статуси кои привлекуваат особено внимание кај нејзините фанови.




Таа пред извесен оериод раскажа каде го поминала летниот одмор ова лето:

-Оваа година го одбравме СИДЕ како дестинација за одмор. Еден од најпознатите антички градови во Турција, сместен на мал полуостров во Средоземното море. Плажите се песочни,хотелите магични!




Доколку сте љубители на плитко море и многу топла вода, тогаш Сиде е за вас. Сместени сме во @terracehotelsbeachresort ,одличен компактен хотел на самата плажа, резервацијата ни е преку fibulaa irtravelmk.




Турците се познати по гостопримството, па цело време ќе бидете угостени со СЕ што ви е потребно. Луѓето имаат sence за туризам и немаат конкуренција!!! Доволно е само да посакате нешто, прават се да го добиете истото.




Овој период е навистина многу топло,но каде има море,секоја температура се изрджува Засега се ни е супер,уживајте и вие во вашиот одмор каде и да сте.

деновиве пак, во својот последен статус допира филозовски теми од животот, со нејзините веќе препознатливи статуси:




„Можеби нема да завршиш со личноста која најмногу ја сакаш. Можеби така животот функционира. Можеби нема да го добиеш тоа што го сакаш.

Можеби ќе го пронајдеш тоа што најмногу го сакаш, но универзумот знае што ти е потребно многу повеќе од колку што знаеш ти.




Можеби љубовта се менува. Од- “ќе те чекам да ме бараш после работа”, во – “ќе одам да си легнам, уморен сум”.

Од- “немој да се грижиш за ништо”, во – “мислам дека претеруваш”. Од –“те одбирам само тебе”, во “време е да се одберам себе”.




Можеби љубовта не е нешто што се зголемува кај одредени луѓе. Растеш,созреваш и таа ти станува премногу мала и неудобна. И сакаш да ја оставиш зад себе. Да заборавиш. Да си продолжш понатаму.




И можеби продолжувањето не треба да биде нешто големо и трагично. Едноставно сфаќаш дека не сакаш да го држиш живо минатото во себе. Дека треба да ги пуштиш работите да се движат по својот пат и да се обидеш да се држиш себе во своите раце, а не да чекаш да те држат туѓи.




Заборавот можеби ќе се случи многу, тивко, од нигде-никаде, сред еден твој едноставен ден.И тоа ќе биде најдоброто нешто кое ќе го направиш за себе и за личноста која ја сакаш.Се помируваш со фактот дека луѓето, работите и среќата се менуваат.




Можеби тоа ќе биде најхрабрата твоја одлука. Можеби, кога ќе решиш да си заминеш, НЕ ја правиш најголемата грешка во твојот живот. Можеби, кога ќе решиш да си заминеш, твојот живот штотуку ќе започне!“

Претходна статијаНад 40 банки во Германија веќе овозможуваат трговија и чување на криптовалути за своите клиенти – соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Следна статијаНајчевска: Сакаат да го елиминираат единствениот заштитник на малиот човек