Што прави Снеже Велков низ скопските улици во 6 наутро? (ФОТО)

0

Снеже Велков, нашата позната водителка, пилатес инструкторка, а сега и инфлуенсерка често споделува моменти од своите здрави навики на Инстаграм. Знаеме дека Снеже убаво готви, редовно вежба и вози велосипед.




-На почеток ќе констатирам дека промените кои дојдоа со оваа ситуација многу полесно ги прифитија децата отколку ние возрасните.Помалиот син кој има 8 години го гледа тоа толку нормално што дури и ме праша:

Мамо а ти кога беше мала исто вака си правеше( седење дома) кога имаше кор-она? Комплетно свесни се е за носење маска држење дистанца дезинфекција и сл..И едноставно не се напнуваат со тоа кога ќе заврши, зошто е така, кој е крив и сл…И тоа ми е баш драго.




А Она што го правам јас е да се оградам од сите лоши вести, сите нови напливи на информации, завери, предвидувања, црни или бели сценарија.

Се обидувам по системот игнорирање,дистанцирање и дезинфицирање од лоши вести да се сосередоточам на убави работи кои ги носи секојдневието.




Посветена на моите работни обврски па читање Убави книги, измислување нови рецепти, гледање поучни филмови, вежбање, мудри мисли, интерактивни игри со децата, чистење средување, прошетки на планина и езеро витамини за јакнење имунитет…




Не е дека не сум свесна исплашена и загрижена но сметам дека зборувањето и мислењето на оваа ситација постојано, може само да ми донесе лошо а не добро.

Затоа сум свесна и совесна, загрижена но не и манијакално оптеретена.

Сепак мораме да размислуваме на сопственото ментално здравје за да излеземе од ова способни и ментално и физички да продолжиме со животот.




Тоа си го должиме и себе и на генерациите кои ги растеме“, рече таа во интервју за Рингераја на почетокот од пандемијата.

Во емисијата „Опуштено со Тони“ кај Тони Михајовски, таа зборуваше за тоа како последнава година редовно, секое утро вози велосипед, а клупите во паркот ги користи како реквизит за вежбање.




Во 2020 година откако ни се случи тоа што ни името не сакам да го спомнам, ако го спомнам мислам дека се повеќе ќе расте, морав да најдам некаков начин за да можам да се издувам.

Беа затворени теретаните, беа затворени салите каде што држев часови, се беше затворено.




Најдов начин на кој јас прво сопственото чувство ќе си го задоволам, а од друга страна ќе ги иснпирирам сите останати“, раскажа Снеже.

-Можеш да вежбаш кај посакаш. Можам да вежбам на клупа, можам на вежбам на сред Плоштад, можам да вежбам на фонтана.




Мене многу ми се свиѓа платото пред Опера и балет, има и клупи има и платформа“, рече Снеже, а Тони додаде дека тој плоштад е на повеќе нивоа и може паркур да се прави.

-Дури и го правам тоа намерно. Сите ми велат: Дали си ти луда. Да? На почетокот беше дали си ти луда? Дали си ти нормална?




Потоа им стана нормално и добивав и поддршка и лајкови“, рече Снеже чиј хаштаг е „Блескај“.

Таа најави дека со емисијата „Вип на еден ден“, прави пауза од ТВ поради новонастанатата состојба, затоа што луѓето на коишто им помагаше се со нежно здравје.




Снеже објави слика со својот омилен велисипед која е сликана рано, рано во 6.45 сабајле на скопските улици. До сликата, таа напиша: Ќе возам и за вас да не станувате рано!

Претходна статијаДани се опушти, се раслече, покажа нешто што досега ретко го покажува (ФОТО)
Следна статијаСДСМ има нов кандидат за градоначалник на Прилеп – познатиот поранешен министер и пратеник