Се огласи сопругата на Трајче Нешковски седум месеци по загубата: Ми кажа дека чувствува некоја болка

0

Во изминативе седум месеци, роднините, пријателите и колегите не можат да веруваат дека прерано си замина д-р Трајче Нешковски, доктор од ЈЗУ УК за пулмологија и алергологија.

Речиси никој не може да поверува, бидејќи Трајче беше многу млад.

Со емотивен статус, кога си замина, од него се прости градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој обзнани дека токму Трајче е „виновен“ за неговата политичка кариера, а кога тој бил Претседател, Трајче бил секретар на СДММ.

Од д-р Нешковски се прости и Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев:

„Длабоко ме погоди веста за упокојувањето на нашиот сопартиец, млад доктор, пулмологот Трајче Нешковски, долгогодишен член на СДСМ и доскорашен секретар на Социјалдемократската младина.

Жално е кога смр -тта нѐ разделува од пријателите и соработниците, а посебно е тажно кога прерано ќе заврши животот на некој толку успешен и млад човек.

Трајче ќе остане запаметен како голем човек, борец за својата земја, за граѓаните, за социјалдемократските вредности, успешен доктор и човек кој силно го сакаше својот роден град, Гостивар.

Упатувам искрено сочувство до фамилијата и пријателите, како и другарите и соработниците од Социјалдемократската младина на Македонија. Почивај во мир драг Трајче“, напиша Заев на социјалните мрежи.

Потоа со статус се огласи и сопругата на Трајче, Ема Нешковска, која напиша:

„Се уште се трудам нешто да кажам, да сфатам што навистина се случи…. Дали е ова вистина или само сон?!

ТИ кој беше неуморен зацртаното да го оствариш, а ветеното да го исполниш. ТИ за кого немаше нешто невозможно и нешто недостижно.

ТИ кој целиот живот го посвети во давање совети и помош на секого и за се. ТИ вистинскиот добронамерник, искрениот, хуманиот.

Зошто ова ти се случи тебе?! Дали е вистина тоа дека Господ крај себе ги зема најдобрите?! ТИ кој помагаше на сите, не успеа самиот да се заштитиш? И сега, како понатаму? Што сум јас без тебе?

Ниедна солза не може да те исплаче, а секоја е тешка како планина. Дали мојата најголема награда е што те имав тебе, човек со џиновско срце, срце како планина?!

Знам, не би сакал да ме видиш скршена од болка, ама верувај премногу боли. Исто така знам дека некаде од небото ме гледаш, знам дека нема да ме оставиш сама. Знам дека ќе не чуваш мене и Јована.

На Јована ќе и ја раскажуваме твојата богата приказна на која таа ќе биде горда затоа што имала татко како тебе. Татко ХЕРОЈ.

Баш како што и самиот пред некој ден кажа “Секоја генерација си има своја борба, а секоја борба свои херои”.

Епа ТИ си нашиот херој, херојот на нашето време!“, нашиша Ема, сопругата на Трајче тогаш.

Таа даде интервју во Женски магазин во кое се присети на многу нешта кои се болни за неа.

Трајче беше секогаш достапен, многу грижлив и многу, многу внимателен. По завршувањето на работното време и соблекувањето на белиот мантил, Трајче продолжуваше да биде доктор, секогаш, ама буквално секогаш достапен за секого и во било кое време.

Беше многу чувствителен и секогаш се трудеше да направи баланс и добра атмосфера.

Ние постојано бевме во комуникација, кажувајќи си ги сите работи што ни се случуваа во моментот, како да ќе нема после. Така и тој кобен ден, се слушнавме околу 5-10 минути пред да се случи несреќата.

Тоа беше по завршување на работното време, а Трајче беше тргнат да се сретне со еден од најдобрите пријатели, за да му даде подарок за Јована, која неколку дена пред тоа наполни две години.

Беше многу уморен од постојаната работа во ковид центрите и изминатите дежурства, но не се предаваше и секогаш било која состојба или симптом го препишуваше на замор.

Тој ден, ми кажа дека чувствува некоја нелагодност и болка, но пак истото го препиша на заморот што навистина го имаше и беше голем.

И во последниот разговор, 5-10 минути пред несреќата, неколку пати ми повтори “Добар сум Емке, добар сум. Не се грижи, за кратко ќе дојдам дома. Добар сум.”, рекол тој на својата сопруга.

Претходна статијаНајубавата полицајка на Балканот се вика Лидија и има преку 170 илјади фанови (ФОТО)
Следна статијаИсплива слика од Здравко Чолиќ како дете, а тој конечно прозборе за неговата сопруга Александра (ФОТО)