Завчера, речиси сите медиуми ја преноса информацијата, која се појави на социјалните мрежи, а во која се велеше дека штипскиот градоначалник, Д-р Сашко Николов, успеал да реанимира жена која изгубила свест одеднаш додека била во водата и пропаднала.
-Во текот на попладневна плажа, сите си игравме со своите деца во водата, наеднаш една жена изгуби свест и пропадна во водата. Сите испаничено почнавме да бараме помош.
Од никаде се појави едно момче, кое исплива од водата и веднаш почна да ја реанимира жената.
После 15 минути момчето ја смири целата ситуација на самата плажа и од она што го видов, на жената и се врати бојата на кожата на лицето.
Кога добро го загледав момчето,видов дека станува збор за нашиот градоначалник Д-р Сашко Николов, кој несебично се впушти во спасување на животот на жената.
После 30 минути дојде брза помош, кои внимателно ги испочитуваа инструкциите од нашиот градоначалник, кој помогна да жената ја качат во брзата помош и ја однесат жива во болница.
Кога се врати на плажата, сите започнаа да ракоплескаат а тој им посочи дека не треба да ракоплескаат туку да дадат поддршка за фамилијата на жената. Каков човек!
Среќа што на оваа плажа беше нашиот доктор, нашиот штипски градоначалник“, стои во објавата на социјалните мрежи.
Денес, на социјалните мрежи, се огласи синот на жената, која д-р Николов ја спасил во Грција. Тој не штедеше зборови да му се заблагодари на д-р Сашко Николов:
На 24.07.21, на плажата Неа Потидеја, Халкидики, мајка ми беше реанимирана и спасена од сигурно упокојување од страна на за мене дотогаш непознат човек, кого го побарав и го запознав еден ден подоцна, д-р Сашко Николов.
Д-р Николов го запознав во една многу тр аумат ична ситуација за мене и покрај тоа го доживеав како врвен медицински професионалец, хуманист, кој не се двоумеше да помогне за секунда и само благодарение на неговата стручност и трезвеност, мајка ми е повторно жива!
Би сакал јавно да му се заблагодарам на Д-р Сашко Николов, кој, како што штотуку дознав, на мое големо изненадување, не е „само“ кардиолог, туку е и градоначалник на Штип во Македонија!
Кога на овие наши Балкански простори, сите политичари би биле вака стручни, хумани и спремни да им помогнат на оние на кои помош им е потребна, наместо како народи да се расправаме, Балканот би бил најразвиениот дел од Европа.
Почитуван д-р. Николов, уште еднаш искрено БЛАГОДАРАМ за помошта, која јас и моето семејство никогаш нема да ја заборавиме!