Драгана Мирковиќ е една од најпознатите и најпочитуваниет пејачки, жена која долги години негива успешна кариера.
Таа е мајка на две деца и сопруга на тони и долги години живее во Виена.
Фолк-пејачката пред извесно време го заборави текстот на својата песна „Само да те видам“ среде емисија.
Таа гостуваше во емисијата „Максимално опуштено“ и додека пееше на плејбек се збуни и праша „има ли трета строфа?“. Таа продолжи да игра, па повторно праша: „Што ќе правиме сега?“. И покрај тоа пејачката продолжи да игра и да смее сама на себе.
Драгана Мирковиќ се омажи со сопругот Тони во 2000-та година, а среќните маладоженци на за нив големиот ден не ги симнуваа насмевките од своето лице.
Сепак, како што истакна фолк пејачката, на нејзината венчавка сепак нешто недостасувало… нешто што многу и фалело.
„Кога ме побара, реков “ДА” и дома испратив само една фотографија на која сме јас и Тони. Склопивме брак во општината, направивме скромна прослава. Беше тоа време на санкции, никој од моето семејство не можеше да дојде бидејќи не можеа да добијат виза.
Тони е австриски државјанин од раѓање, ама јас не сум, и затоа не можев да обезбедам визи за моето семејство, за татко ми, мајка ми, сестра ми. И поради тоа имавме само скромен број на гости“ – изјави неодамна Драгана.
Познато е дека Драгана Мирковиќ е голем професионалец и дека високо ги цени и почитува своите фанови, а сега тоа го покажа и со своите постапки.
За време на нејзиниот концерт, пејачката побара од обезбедувањето да реагира и да ги донесе нејзините најмлади обожаватели кои дојдоа на настапот на пејачката, што предизвика громогласен аплауз во публиката, пишува Ало.
Потоа, обезбедувањето се качи на сцена, а таа мораше да го прекине настапот, но сао на кратко. Таа ѝ се врати на песната откако децата се вратија кај своите родители.
Да потсетиме, Мирковиќ во неколку наврати посочуваше дека нејзините обожаватели се најважни за неа и да не беа тие, немаше да биде таму каде што е, па затоа не е чудно што пејачката направи таков потег.