Пораснаа ќерките на Борјан Јовановски и на Амернис, мајка им изгледа како тинејџерка покрај нив (ФОТО)

0

Познатата акетра Амернис Нокшиќи, сопругата на новинарот Борјан Јовановски е дел од албанскиот театар од 2004 година.

-Кога спремам една улога давам се од себе или поточно речено копам длабоко во себе да најдам сличности, некогаш ги наоѓам но некогаш не, тогаш комотно си позајмувам некој лик од моето опкружување, некој лик што не е познат, со тоа што го приспособувм, така што секако дека е тоа дел од мене и нема бегање.“, рече таа во интервју за „Фешнел“.

Се трудам да си го организирам времето за да можам да ги завршам сите обврски пред 15 часот за потоа да можам да се посветам на домашните обврски и семејството.

Бидејќи работата во театарот нема фиксно работно време се случува да бидам зафатена од сабајле, па повторно попладне, некогаш се случува да останеме на проба и до доцна во ноќта, но за среќа тоа не се случува често“, рече Амернис.

Таа е мајка на две прекрасни ќеркички Бора и Каја. Успешно се снаоѓа во улогата на мајка и сопруга, па добро се координира во одвојувањето на слободно време за најблиските бидејќи нејзината и професијата на Борјан немаат фиксно работно време.

Бора во јуни наполни 14 години, и е заинтересирана за уметноста како мама, а Каја има 12, и многу сака да се грижи за животните.

-Каде ќе ги одведе патот не знам, но тоа што знам е дека нема сигурно да им се мешам во нивниот избор и секогаш ќе ги поддржам во тоа што ќе биде нивен сон“, изјави таа за ќерките во Женски магазин.

Но таа зборуваше и за политичките притисоци со кои се соочила поради новинарската работа на сопругот.

-Притисоци имаше од сите страни, но, за мене најтрау-матично искуство е вене-цот што ми го донесоа на врата. Не би му посакала на никој такво искуство. Справување нема, надлежните сè уште го немаат најдено виновникот.“, рече таа.

За својот брак со Борјан, со оглед на мешан брак, таа рече:

Предрасудите постојат и секогаш ќе постојат. Лично не сум обрнувала внимание на тоа а ниту имам намера да се занимавам со тоа.

Во денешно време, во коешто се стремиме кон демократија, такви работи дури и се дегутантни да се разговараат. Изборот е мој, јас одлучувам, јас живеам.

Разлики во еден брак нема, без разлика на тоа што сум јас Албанка, а Борјан Македонец. Си функционираме одлично и добро се надополнуваме. А можам да кажам дека имаме и предности.“

Потоа, на прашањето што ја прави среќна кога не работи, таа рече: Секогаш истиот одговор. Семејството е двигателот на мојата среќа.“

Амернис објави слика од своите ќерки кои пораснале во вистински убавици, а Амернис изгледа како тинејџерка покрај нив.

Претходна статијаИсплива слика од Здравко Чолиќ како дете, а тој конечно прозборе за неговата сопруга Александра (ФОТО)
Следна статијаОд денес патни исправи со Северна – познато е до кога ќе важат старите пасоши, возачки, лични карти