Пандев ловориките за целиот успех не си ги препиша себе си, туку на друг човек (ВИДЕО)

0

Фудбалската репрезентација на Македонија во ноември минатата година испиша нова страница во својата историја, а повторно по кој знае кој пат најзаслужен за големото славје и пласманот на Европското првенство на кое учествувавме ова лето, беше нашиот капитен Горан Пандев.




Иако зад себе има одиграно голем број финалиња и има постигнато безброј голови, сигурно, оној за победа над Грузија е негов најдраг во кариерата.

По последниот судиски свиреж на Ентони Тејлор во Тбилиси, цела Македонија го славеше големиот успех на фудбалерите, а незаборавно славје имаше и пред куќата на Пандев во Струмица.




Македонската фудбалска репрезентација го исполни сонот и се пласира на прво и историско Европско првенство. Победата во Грузија ја донесе Горан Пандев со голот во 56. минута од натпреварот, кој беше доволен за минимални 0-1.




Капитенот и лидер на оваа селекција тогаш призна дека е пресреќен за пласманот на Македонија на дебитантски голем собир, а меѓу другото кажа и што неговите сопруга и деца му порачале пред тргнувањето од Италија.




-Успехот го посветувам на мојата фамилија, тие се мојата инспирација и помош. Кога ме испратија од Италија, жената и децата ми порачаа:

Тато без Европско првенство да не се враќаш. Среќни се сите, а јас сум најсреќен. Уште не верувам дека го остваривме сонот, ама за некој ден ќе разбереме што сме направиле.




Кога го дадов голот погледнав кон небото и помислив дека вербата во Бог ќе не награди. Знаеме дека долги години се мачевме во фудбалот, ама сега треба сите заедно да се радуваме бидејќи тоа го заслужуваме“, изјави тогаш Пандев.




Горан Пандев од 2009 година е во брак со прекрасната Надица, со која имаат три дечиња и тоа синот Филипо, ќерката Ана и најмалата ќеркичка Софија, родена во 2018 година.




Легендата на македонскиот фудбал, Гранде Горан Пандев, деновиве беше гостин во новата епизода на емисијата „Sportlight“, каде зборуваше на повеќе теми, за повлекувањето од репрезентацијата и за тоа како ќе игра уште една сезона, а зборуваше и за времето поминато во Интер.




„Изненаден бев како бев испратен од холандската публика и репрезентација кога се простив од репрезентацијата, кога ми поклонија дрес, навистина не очекував такво нешто. Среќен сум што на крајот се се заврши добро“, рече Пандев.

Пандев зборуваше и за времето поминато во Наполи:




„За три години поминато во Наполи, никогаш не излегов во центарот, никогаш не излегов да купам некоја маица од бутик, никогаш тоа не се случи, затоа што луѓето таму сакаат сите да се фотографираат, да им подариш дресови. Малку беше тешко за живот како еден професионален фудбалер“.




Новинарот му постави прашање и за времето поминато во Интер, период кој му ја преслика кариерата, а круна на се беше освојувањето на титулата во ЛШ.

„Дејан Станковиќ ми помогна многу во Интер, тој беше фантастичен, за мене беше како татко во Италија. Тој беше голем човек и фудбалер додека бев во Интер“, порача Пандев.

Претходна статијаПо Рашела лани, годинава ќе јава Александар Пандов: Ќе се обидам да ви ја пренесам убавината на Македонската земја
Следна статијаСнимен метеорот во Норвешка (ВИДЕО)