Многу луѓе раскажуваат за своите доживувања од посетите на православните светилници на Балканот, а еден од најпознатите е и манастирот Острог во Црна Гора.нЕдна по впечатливите случки на исцеление со силата на молитвата пред моштите на св. Василиј Острошки:
Се сеќавам, на тој 20. август, имав ужасен ден на работа. Шефот пред сите викаше на мене, направив грешка која не смеев да си ја дозволам. Кога се враќав дома, во автомобилот, почнав да плачам. Инаку,по природа сум таква што се’ собирам во себе, веројатно тоа беше капката која ја прели чашата. Ништо не беше како што имав замислено.
Не сакав да се вратам дома, сакав да избегам од се. Седнав во автомобилот и се упатив кон манастирот на Свети Василие Острошки. Телефонот постојано ѕвонеше. Некаде пред зора стасав во Никшиќ. Со оглед на тоа дека прв пат доаѓав на такво свето место не знаев што ме чека.
Паркирав пред манастирот и трчајќи тргнав кон влезот на ова свето место. Луѓето кои беа таму ме гледаа со чудење. Монахињата, која во тој момент излегуваше од малечкиот пролаз застана пред мене и ме фати за рака. Ме погледна уплашено и зачудено.
’Плачи, немој да се срамиш. Ако чувствуваш дека треба да плачеш направи го тоа. Ќе влезеш внатре и сите проблеми ќе исчезнат, ти го гарантирам тоа. Самите на себе сме си најголеми непријатели.
Замоли го свештеникот да ти прочита молитва и се’ ќе биде во ред. Ти ја посакувам сета среќа и Господ нека биде со тебе’ ми шепна монахињата со тивок и смирен глас.
По неа гледав како малечко дете. Пред малечката просторија во која се наоѓаат моштите на светиот Всилие Острошки стоеше монах кој ги пушташе луѓето внатре. Кога влегов во просторијата се наежив и како нешто да мина низ моето тело, чувствував немоќ.
Свештеникот им покажа на другите луѓе да не влегуваат, па останав сама со него. Ништо не можев да кажам. Паднав на колена и се фатив за стомакот. Имав болки кои беа неподносливи. Свештеникот почна да чита молитва, а јас врискав на цел глас. Не се сеќавам на ниту еден збор што го кажа.
’Сега ќе ти биде подобро“ рече тивко. Го бакнав крстот кој го принесе, но и понатаму не можев да станам. Монахот кој стоеше надвор влезе и ме подигна. Се потпрев на него и заедно тргнавме кон излезот.
Ме однесе до една просторија и ми помогна да седнам. Бев исплашена. Не знаев што ме снајде. Плачам а во следниот момент неконтролирано се смеам.
’Бледа си, напиј се малку вода. Немој да се грижиш, се ќе биде во ред. Она најлошото мина, остани тука вечерва, ќе ти годи. Многу луѓе спијат пред манастирот, ние ќе бидеме тука ако нешто ти притреба. Немој да се плашиш’ ми рече љубезно монахот.
Во манастирот бев две недели. Секој ноќ спиев под отворено небо. Кога тргнав назад кон Белград чувствував големо олеснување. Повеќе го немаше оној товар кој го носев секој ден. Првпат во животот знаев дека се’ ќе биде во ред, ама, бев сигурна во тоа.
Долгогодишната врска ја прекинав и ја променив работата. Се’ тргна на подобро. Дури и мојата здравствена состојба се стабилизираше. Секоја ноќ го сонував манастирот Острог, па наутро ќе се разбудев со насмевка на лицето.
Сега имам сопруг и син Василие, кој наскоро полни една година. Наскоро ќе го крстиме во манастирот кој мене засекогаш ми го промени животот.